Тимот на Хас направи радикален потег пред претстојната трка за Големата награда на Бразил. Потврди дека Естебан Окон повеќе нема да вози за американскиот тим до крајот на сезоната.
Одлуката доаѓа по турбулентниот викенд во Мексико, каде што Окон првично остана без место во болидот за третиот слободен тренинг и беше заменет од резервниот возач Рио Хиракава. Јапонскиот возач потоа ја заврши трката на десеттото место, освојувајќи поен за Хас.
Одлуката дојде по несогласувањата меѓу Окон и тимот. Французинот се расправаше со тркачката инженерка Лаура Милер преку тимското радио за време на втората тренинг сесија околу гумите што се користеа за време на тренингот и ја доведе во прашање одлуката на тимот да го промени неговиот план за возење, а Хиракава ја презеде функцијата од третата тренинг сесија. Хас јавно не ги откри сите детали за разделбата, но рече дека односот со Окон не е поправен.
TGR Haas F1 Team can confirm that Esteban Ocon will no longer compete on its behalf in the 2026 FIA Formula 1 World Championship. Rafael Câmara will now partner Ollie Bearman in the team at the São Paulo Grand Prix. Rafael will make his Formula 1 debut on home-soil this year having last month been announced as one of TGR Haas F1 Team’s full-time driver signings for the 2027 FIA Formula 1 World Championship. #HaasF1 #F1
— TGR Haas F1 Team (@HaasF1Team) November 3, 2026
Шефот на тимот, Ајао Комацу, потврди дека Окон нема да вози за Хас до крајот на сезоната, објаснувајќи дека одлуката е донесена во најдобар интерес на тимот. Нагласи дека разговорите со францускиот возач остануваат интерно прашање.
Неговото место во тимот на трката во „Интерлагос“ ќе го заземе Рафаел Шавис Камара, млад Бразилец, перспективен возач од академијата на Ферари и лидер во шампионатот во Ф2, кој веќе е потврден дека ќе се натпреварува за тимот во 2027 година. Судирот со Окон ќе му даде можност на Камара да се испроба во Ф1 шампионатот порано од планираното.
„Го информиравме Естебан Окон дека нема да се врати во тимот на Хас оваа сезона. Ваквите одлуки никогаш не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити - но тогаш, како и сега, веруваме дека ова е цврсто во најдобар интерес на тимот во иднина. Разговорите што на крајот се водеа меѓу тимот и Естебан остануваат интерна работа. Гледајќи напред, го избравме Рафаел Камара да вози заедно со Оли Берман на Големата награда на Саун Паулу. Ги знаеме способностите на Рафа и со нетрпение очекуваме да го пречекаме во тимот овој викенд и да работиме со него на неговото деби во Формула 1, возејќи го VF-26 во Бразил“, рече Комацу.
Тоа ќе биде одлична можност за младиот Бразилец веднаш да се докаже на највисоко ниво, пред домашна публика, додека вниманието ќе биде насочено и кон тоа кој ќе ги вози преостанатите трки од сезоната. Хас сè уште не објави конечна одлука за составот за Лас Вегас, Катар и Абу Даби.
BREAKING: Haas confirm Rafael Camara will make F1 debut at the Sao Paulo Grand Prix The 21-year-old is set to become the 34th driver from Brazil to race in F1 🇧🇷 #F1 https://t.co/EnwgQ8UgUa
— Formula 1 (@F1) November 3, 2026