формула 1 2026

Верстапен и Алонсо огорчени, Хамилтон ужива во новата Ф1 ера

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 16.03.2026 / 20:32

Тројцата најуспешни возачи на денешната Формула 1, Луис Хамилтон, Макс Ферстапен и Фернандо Алонсо, излегоа со сосема различни впечатоци за новата ера на шампионатот по Големата награда на Кина.

Додека Хамилтон е воодушевен од дуелите на патеката, Верстапен верува дека новото тркање „нема никаква врска со вистинскиот автомобилизам“, додека Алонсо ја опишува сезоната како „светско првенство на батерии“.

По трката во која го освои првиот подиум за Ферари, Британецот особено ја пофали борбата со својот тимски колега, Шарл Леклер.

„Беше фантастично тркање. Веројатно најдобрата борба што ја доживеав во Формула 1“, рече Хамилтон, додавајќи дека дуелите за време на трката биле како картинг – постојана битка напред-назад без контакт.

Сепак, Верстапен има сосем спротивно мислење.

Возачот на Ред Бул се повлече од трката поради проблеми со системот за обновување на енергијата и беше многу критичен кон новите правила.

„Ако некому му се допаѓа ова, тогаш не знае како изгледа вистинското тркање. Ова е како Марио Карт. Престигнуваш некого со 'засилување', потоа батеријата ти се празни и на следната кривина тој повторно те престигнува“, рече Верстапен.

Слично размислува и Алонсо од Астон Мартин, кој ја опиша новата сезона кратко и јасно: „Ова е шампионат на батерии“.

Новата генерација хибридни мотори во Формула 1 се базира на речиси еднаква распределба на моќноста помеѓу моторите со внатрешно согорување и електричната енергија.

Системот на дополнителна електрична моќност овозможува полесно престигнување, но ги остава возачите без енергија по нападот, па затоа тие често се изложени на брзо контра-престигнување.

Поради ова, повеќекратните промени на позициите се случуваат сè почесто на трките, што носи атрактивни дуели, но исто така го поставува прашањето дали таков систем ја менува самата суштина на возењето.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека публиката ужива во новиот формат.

„Видовме многу престигнувања. Во минатото имавме трки без ниту едно престигнување. Можеби понекогаш сме премногу носталгични за старите денови“, рече Волф.

Во наредните недели се очекува челниците на Формула 1 и ФИА да разговараат за можни измени на правилата за да се намали влијанието на батериите врз возењето.

Следната трка од Ф1 ќе се вози на познатата „Сузука“, а Големата награда на Јапонија е закажана за 29 март.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Човек од Белата куќа: Спречивме катастрофа на Балканот

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Ф1

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Read more

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Read more

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Read more

Верстапен на пол позиција по 302 дена, Хамилтон втор во квалификациите

Read more

Спорт

Селекторот на Португалија се огласи по обвинувањата на Роналдо

Читај повеќе

И покрај низата порази: Македонија падна само две места на ранг-листата на ФИФА

Читај повеќе
  • play_arrow

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Читај повеќе

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе