формула 1 2025

Верстапен ја напаѓа титулата: Да ми го кажеше ова некој пред два месеца, ќе мислев дека е идиот

Ф1
Ф.З.
/ 21.10.2025 / 12:14

По големата победа во Остин, Макс Верстапен се враќа во борбата за шампионската титула во Формула 1. Четирикратниот светски шампион сега е само 40 поени зад лидерот Оскар Пјастри, кој моментално поминува низ најтешкиот дел од сезоната, бидејќи разликата помеѓу возачите на Мекларен и Ред Бул беше 104 поени пред само четири трки!

Холанѓанецот победи на три од последните четири трки. Верстапен направи голема разлика во Италија, Азербејџан и Тексас, додека беше втор во Сингапур. Сега, со водството во шампионатот на дофат на рака, пет трки до крајот, има нова надеж во таборот на Ред Бул, а Холанѓанецот за прв пат сезонава гледа реална шанса повторно да го освои шампионатот.

„Шансата е тука!“, рече Верстапен ентузијастички по победата во Тексас и додаде: „Да ми го кажеше некој ова пред само два месеца, ќе мислев дека е идиот. Сепак, го подобривме билидот, подобро разбираме како функционираат работите и тоа е главната разлика“, рече Холанѓанецот.

Од друга страна, Мекларен признава дека конкуренцијата се засилила и дека работите треба да се нормализираат. Со само пет преостанати трки во шампионатот, Оскар Пјастри и неговиот тим ќе мора да најдат начин да се прилагодат на притисокот во последните фази од шампионатот.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Ф1

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Ваква борба за титулата во Формула 1 немало 15 години

Read more

Пјастри: Односот со Норис никогаш не бил подобар

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе