формула 1 2026

Верстапен пред Големата награда на Унгарија: Болидот ми е ужасен

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 26.07.2026 / 11:48

На Големата награда на Унгарија, Макс Верстапен ќе стартува од четвртата позиција, иако имаше шесто време – поради казните за Хамилтон и Антонели напредуваше за две места.

Верстапен продолжува со разочарувачка сезона: моментално е седми во генералниот пласман, без победа и без пол-позиција. Фрустрацијата околу болидот и новите правила се гледа и низ неговите изјави полни со иронија.

Во квалификациите на „Хунгароринг“, токму во клучниот брз круг, Верстапен направи вртење. Тоа беше уште една прилика јавно да порача дека ништо не му се допаѓа во актуелниот пакет на Ред Бул.

„Викендот е тежок, но кога наместо гумите да бидат ужасни, болидот е ужасен – тогаш имаш голем проблем. Болидот станува сè полош, круг по круг. Колку повеќе возев, толку потешко беше да се контролира. Мораме да го средиме ова, инаку е невозможно да се вози“, изјави Верстапен по квалификациите.

Додаде дека низ целата сезона има различни проблеми и дека е сè потешко да се контролираат. „Обично за време на викендот пријaнгувањето се подобрува. Но, кај мене е обратно – станува сè потешко да управувам. Автомобилот е неконтролиран во одредени свиоци, особено на влезот… како да не сака веќе да држи патека“, рече очајниот Верстапен.

Четирикратниот светски шампион дури најави дека би можел да се повлече на крајот од сезоната доколку ситуацијата не се подобри.

Големата награда на Унгарија се вози денеска од 15:00 часот, а директен пренос ќе има на Arena M3 Premium.

реклама

Прогласена епидемија на западнонилска треска во 5 општини и неколку населби во Скопје, еден пациент почина

Read more

Зошто Велика Британија се откажа од брод со злато вредно 5,5 милијарди фунти?

Read more

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Read more

Пет знаци може да укажуваат дека не внесувате доволно протеини

Read more

Ф1

Хамилтон разочаран од исходот во Унгарија: По престигнувањето на Верстапен, сè тргна надолу

Read more

Верстапен пред Големата награда на Унгарија: Болидот ми е ужасен

Read more

Формула 1 го казни шампионот – Норис губи 10 позиции

Read more

Проговори пилотот кој пред 13 години го спаси Шумахер

Read more

Спорт

ПСЖ и Астон Вила вечерва во битка за Суперкупот на УЕФА

Читај повеќе

86 килограми марихуана најдени во автобусот на култен фудбалски клуб

Читај повеќе

Мбапе го прекинува партнерството со брендот што го спонзорираше од 8-годишна возраст

Читај повеќе

Мареска објасни зошто Халанд никогаш нема да биде капитен додека тој го води Сити

Читај повеќе

Комплетирани сите двојки за плејоф квалификациите за ЛШ

Читај повеќе

Алварес одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Читај повеќе

Меси прави пауза од фудбалот на неодредено време

Читај повеќе

Трамп застана во одбрана на Инфантино: Неговата смена би била ужасна грешка

Читај повеќе

Розети најави промена во имплементацијата на ВАР: Некои проверки немаат никаква врска со фудбалот

Читај повеќе