Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Верстапен

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 15.04.2025 / 15:53

Четирикратниот и актуелен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, имаше разочарувачки викенд. Холанѓанецот ја мина целта на шестото место на Големата награда на Бахреин и по трката изјави дека веројатно извлекол максимум, со оглед на тоа што имал големи проблеми со сопирачките и гумите.

Во моментов, болидот на Ред Бул не изгледа како да може да им парира на најбрзите, особено на Мекларен, па затоа раководството на тимот е загрижено дека Верстапен би можел да бара нов тим.

Иако има договор до 2028 година, Daily Mail открива дека во него има клаузула која му дозволува да менува тим за време на летната пауза доколку заврши полошо од третото место во генералниот пласман кај возчаите.

„Многу сме загрижени, мораме да го подобриме болидот во блиска иднина за Макс да има болид со кој ќе може повторно да се бори за победи. Мораме да му доставиме болид што може да се бори за титулата. Се разбира, секој врвен возач има излезна клаузула во случај на лоши перформанси, но секогаш е различно. Да, тоа ќе биде тема ова лето“, рече советникот во тимот на Ред Бул, Хелмут Марко.

Верстапен по четири трки го држи третото место во генералниот пласман, осум бодови помалку од лидерот Ландо Норис, додека зад него со шест помалку на четвртото место е Џорџ Расел.

Како потенцијални нови дестинации на Верстапен се споменуваат Мерцедес и Астон Мартин, кои од следната сезона ќе соработуваат со Хонда, претходниот партнер на Ред Бул.

реклама

Ф1

Во Ред Бул стравуваат од посебната клаузула во договорот на Верстапен

Read more

На Алонсо му падна воланот сред возење

Read more

Хамилтон не е задоволен од болидот на Ферари

Read more

Верстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тројца фудбалери на Гостивар и член на струшниот штаб завршиле на распит во полиција

Читај повеќе

Анчелоти уште вечерва ќе добие отказ ако киксне во дербито

Читај повеќе
  • play_arrow

Воска гневна на судиите му поклони службена победа на Вардар

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе