Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор стана вест во европскиот фудбал со назначувањето на 22-годишната Зејнеп Местан за нов тренер на машкиот сениорски тим.
Зејнеп Местан има само 22 години и ова е нејзина прва тренерска задача, која нема да биде лесна за неа. Целта е да се врати Тургутлуспор во професионалниот турски фудбал.
Местан го потпиша договорот во седиштето на клубот и со тоа стана првата жена тренер во историјата на машкиот дел од клубот. Таа има кратка фудбалска кариера зад себе.
„Во согласност со реструктуирањето и целите на нашиот клуб за новата сезона, постигнавме договор со Зејнеп Местан да биде главен тренер“, наведуваат тие во соопштението и додаваат:
„На Зејнеп Местан, која ќе го предводи новото организациско и техничко реструктуирање на нашиот клуб, ѝ посакуваме многу успех под нашиот црвено-црн грб и се надеваме дека оваа нова ера ќе се покаже како корисна за нашата заедница, нашиот клуб и сите наши навивачи“, наведуваат тие во клупското соопштение.
Тургутлуспор моментално се натпреварува во четвртото ниво на турскиот фудбал и двапати во својата историја беше во втората лига. Тој речиси стигна до елитните редови на турскиот фудбал на почетокот на овој век.
„Мојот пример на кој се огледувам е Пеп Гвардиола во европскиот фудбал, а во Турција го земам Серген Јалчин како пример“, рече Местан.