Ал Хилал му нуди на Левандовски 90 милиони евра по сезона

Макфакс/Кајгана
/ 14.05.2026 / 12:13

Роберт Левандовски (37) е се поблиску до сензационално заминување од Барселона откако доби понуда од Саудиска Арабија која, како што се вели, би му го променила животот.

Според полскиот WP Sportowe Fakty, Ал Хилал е решен да го доведе 37-годишникот за да го засили нападот со уште една икона на светскиот фудбал. Клубот од Ријад му ги презентирал финансиските детали од договорот.

Иако неколку клубови беа поврзувани со полскиот репрезентативец во последните недели, вклучувајќи ги Јувентус, Милан и американскиот Чикаго Фајр, Ал Хилал преку ноќ стана главен фаворит.

Финансиската понуда е огромна, дури и за стандардните на Саудиската професионална лига.

Се шпекулира дека Ал Хилал на Левандовски му нуди плата од 90 милиони евра по сезона.

И покрај претходните написи на шпанскиот весник АЅ во кои се сугерираше дека геополитичките причини би можеле да го одвратат напаѓачот од преселба на Блискиот Исток, се чини дека само износот на финансискиот пакет ја променил ситуацијата. Со оглед на тековните финансиски предизвици на Барселона, заминувањето на најплатениот играч би донело значително олеснување за буџетот на клубот.

Доколку Левандовски го комплетира трансферот во Ал Хилал, тој ќе се приклучи на исклучително амбициозен тим предводен од поранешниот тренер на Интер, Симоне Инѕаги.

Во тимот веќе има голем број ѕвезди, вклучувајќи го поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и освојувач на Златната топка, Карим Бензема, заедно со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш и Калиду Кулибали.

Левандовски остави длабока трага во фудбалот играјќи за Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона. Во својата кариера постигна повеќе од 700 голови и освои сè што е можно на клупско ниво. ФИФА го прогласи за најдобар фудбалер во светот во 2020 и 2021 година.

Единствено не моеж да се пофали со успех со репрезентацијата на послка со која играше на 4 Евреопски првенства (2012, 2016, 2020 и 2024), но на само два Мундијала (2018 и 2022) откако не уѕпсеа да се квалификува на турнирите во 2010, 2014 и сега во 2026.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Audi го претставува својот прв супер-автомобил со хибриден погон со високи перформанси

Read more

Фудбал

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Read more

Робин ван Перси доби отказ

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Read more

Спорт

  • play_arrow

Напаѓачот на Ирак 7 часа бил испрашуван на аеродромот во Чикаго

Читај повеќе

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Читај повеќе

Леао сака да го напушти Милан што е можно поскоро

Читај повеќе
  • play_arrow

Ремек-делото на Арда Ѓулер е гол на сезоната во Шпанија

Читај повеќе

ФИФА ги забрани вувузелите, но и пластичните шишиња со вода на трибините на Светско

Читај повеќе