Анчелоти е нов селектор на Бразил, ќе биде првиот странец на клупата

Познатиот италијански тренер Карло Анчелоти дефинитивно ќе стане нов селектор на Бразил, потврди денеска Бразилската фудбалска конфедерација.

Откако прво еден од најдоверливите светски инсајдери, Давид Орнстеин, објави дека Анчелоти ќе ги започне своите должности како селектор на Бразил на 26 мај, односно за само две недели, сега стигна потврда и од Бразилската фудбалска конфедерација.

„Најтрофејната репрезентација во историјата на фудбалот сега ќе го води најуспешниот тренер во светот. Карло Анчелоти, синоним за историски достигнувања, беше објавен овој понеделник од претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналду Родригис, за ​​нов селектор на националниот тим. Италијанецот ќе го предводи Бразил на Светското првенство 2026 и ќе го води тимот веќе во следните два квалификациски натпревари против Еквадор и Парагвај, следниот месец“, се вели во соопштението на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација.

Родригис рече дека доведувањето на Анчелоти да го предводи Бразил е повеќе од стратешки потег.

„Ова е порака до светот дека сме решени да го вратиме првото место на подиумот. Тој е најголемиот тренер во историјата, а сега ја предводи најголемата репрезентација на планетата. Заедно ќе напишеме нови славни поглавја за бразилскиот фудбал“, рече Родригис.

Веќе е јасно дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, бидејќи Шаби Алонсо ќе го наследи на клупата на „Кралевите“.

Анчелоти ќе стане првиот странски селектор во историјата на Бразил, бидејќи оваа репрезентација во својата долга историја почнувајќи од 1914 година досега никогаш не била водена од странец. Бразил досега имал странци на селекторското столче, но двајца биде како коселектори заедно со други двајца Бразилци, а единствено Аргентинецот Филпо Нуњес во 1965 година го водел Бразил самостојно, но само на еден пријателски натпревар.

Патем, Анчелоти го напушта Реал Мадрид ова лето по 4 години, со кого двапати ја освои Лигата на шампионите и шпанската Ла Лига во тој период.

Легендарниот Италијанец двапати беше прогласен и за тренер на годината. Претходно со голем успех ги водеше Евертон, Наполи, Баерн, ПСЖ, Челси, Милан, Јувентус и Парма.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Фудбал

Арбелоа пред отказ: Кој би можело да го замени на клупата на Реал?

Read more

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Read more

Симеоне: Мојот кошмар беше Роналдо, не ме плаши Јамал со неговите трикови

Read more

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Read more
 

Спорт

Арбелоа пред отказ: Кој би можело да го замени на клупата на Реал?

Читај повеќе

Тренерот на Минесота во неволја: Не знам како да го чуваме Јокиќ

Читај повеќе

Сан Марино пишува историја: Конечно состави сениорска женска репрезентација

Читај повеќе
  • play_arrow

Симеоне: Мојот кошмар беше Роналдо, не ме плаши Јамал со неговите трикови

Читај повеќе

Ѓоковиќ ќе игра на мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Рафиња удри по судиите, УЕФА му подготвува жестока казна

Читај повеќе
  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе