Со победата од 1:0 кај Хетафе во 33-тото коло од Ла Лига, Реал Мадрид ја задржа предноста пред лидерот Барселона на пет натпревари до крајот на шампионатот.

Актуелниот шампион има четири бода помалку од лидерот, а следно е гостувањето кај Барселона, па за него беше важна победата кај Хетафе, која Арда Ѓулер ја постигна со гол во 21. минута.
Но, по многу убавиот победнички гол на еден од младите асови на Реал, шоуто го украде друг. Ендрик (18), кој минатото лето пристигна од Палмеирас за 47,5 милиони евра, го полуде тренерот Карло Анчелоти кога во 56. минута се проби пред противничкиот голман Давид Сорија и му уништи голема прилика на Реал обидувајќи се со лоб да го совлада голманот на Хетафе. Тоа го направи лошо, па му ја додаде топката. Анчелоти беше „видливо лут“ поради ова, пишува Marca. Набрзо го замени Ендрик.
ENDRICK WHAT ARE YOU DOING? WHY SHOOT LIKE THAT? pic.twitter.com/c7ixDQ6tXV
— @thedesigner (@heyJudemeow) April 23, 2025
По мечот Анчелоти одржа прес-конференција, а најмногу новинарите ги интересираше шутот на Ендрик и реакцијата на тренерот на истиот.
Анчелоти коментираше: „Ендрик не смее да ги прави овие работи. Тој е млад и мора да учи, но такво нешто во фудбалот нема. Кога ќе се најде сам пред голманот, мора да шутира колку што може појако. Ова не е циркуски клуб“.