Арон Ван-Бисака одлучи да го промени спортското државјанството и од јуни ќе го претставува ДР Конго. Поранешниот англиски фудбалер доби покана за новата репрезентација, за која ќе има можност да дебитира на претстојните пријателски натпревари.

Фудбалерот на Вест Хем не одигра ниту еден сениорски настап за Англија, што му даде можност да „промени верност“. Има неколку настапи за младинските репрезентации на Англија, но според правилата на УЕФА, тоа не е доволно за да е врзан за една репрезентација.
Иако е роден и израснат во близина на Лондон, неговите корени се од африканскиот континент, односно од Демократска Република Конго, поранешен Заир. Со тоа, направи трансфер и во иднина ќе игра за ДР Конго, за која имаше еден настап во репрезентацијата до 17 години.
Доби повик од селекторот Себастиан Десабр за претстојните пријателски натпревари против Мали (5 јуни) и Мадагаскар (8 јуни). Доколку продолжи заедничкиот интерес, на Ван-Бисака не му бега учество во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, а на крајот и на Африканскиот куп на нации во декември, каде што ДР Конго ќе биде дел од групата Д со Сенегал, Бенин и Боцвана.
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Aaron Wan-Bissaka has switched international allegiances from England to the Democratic Republic of the Congo. 🇨🇩🌟
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 8, 2025
West Ham's right-back has been called up for the first time. 👏 pic.twitter.com/v00Jc1Gk1R
Десниот бек се приклучува на интересен состав, а покрај Јоан Виса (Брентфорд) и Аксел Туанзебе (Ипсвич), тој ќе стане третиот играч од Премиер лигата во националниот тим на оваа африканска репрезентација.
ДР Конго има шанси да игра и на Мундијалот 2026. На 4 кола до крајот на квалификациуите е лидер во Групата Б со 13 бодови, еден повеќе од Сенегал и Судан. Во преостанатите натпревари играта дома протиов двата ривала.
Конгоанците сонуваат мундијалски настап од 1974 година кога учествуваа за прв и последен пат, тогаш под името Заир.
Ван-Бисака кариерата ја почна во Кристал Палас, потоа 5 години играше за Манчестер Јунајтед, а од сезонава е во Вест Хем.