Вечерва ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите, а навивачите ќе можат да уживаат во реванш дуелите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал, односно Интер и Баерн.

Арсенал веќе има една нога во полуфиналето на најелитното фудбалско натпреварување, откако минатата недела во Лондон славеше огромна победа од 3:0.
Тогаш Деклан Рајс го воодушеви светот со два гола од слободни удари, а еден гол постигна Микел Мерино.
Реал доживеа потоп, но сепак се надева дека ќе направи чудо и пресврт против „Топчиите“, тим кој ја има една од најдобрите одбрани во Европа.
Веројатни состави:
Реал Мадрид: Куртоа; Лукас Васкес, Ридигер, Раул Асенсио, Фран Гарсиа; Валверде, Чуамени; Родриго, Белингам, Винисиус; Мбапе
Повредени: Лунин (лист), Карвахал (колено), Едер Милитау (колено), Менди (задна ложа)
Суспендирани: Камавинга (црвен)
Ќе го пропуштат наредниот меч доколку пожолтат: Едер Милитау, Ендрик, Лукас Васкес, Модриќ, Ридигер, Винисиус
Арсенал: Раја; Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели; Одегард, Жоржињо, Рајс; Сака, Мерино, Мартинели
Неизвесни: Жоржињо
Повредени: Калафјори (колено), Габриел (тетива), Хаверц (тетива), Жезус (колено), Томијасу (колено)
Суспендирани: нема
Ќе го пропуштат наредниот меч доколку пожолтат: Мартинели, Парти, Рајс, Тимбер
Предност од првиот натпревар во реваншот носи и Интер, бидејќи на гостински терен успеа да го совлада Баерн со 2:1.
Сега на „Нераѕурите“ им останува да ја одбранат предноста на домашен терен на стадионот „Џузепе Меаца“ и да го обезбедат пласманот во полуфиналето.
Веројатни состави:
Интер: Зомер; Павар, Ачерби, Бастони; Дармјан, Барела, Чалханолу, Мхитарјан, Димарко; Лаутаро, Турам.
Повредени: Думфрис (задна ложа), Желињски (лист), Карбони (колено)
Суспендирани: нема
Непријавени: Кореа
Ќе го пропуштат наредниот меч доколку пожолтат: Барела, Бастони, Думфрис, Лаутаро, Мхитарјан, Павар
Баерн: Урбиг; Лајмер, Дајер, Ким, Станишиќ; Кимих, Горецка; Олисе, Милер, Сане; Кејн.
Повредени: Нојер (лист), Бухман (рамо), Упамекано (колено), Дејвис (колено), Ито (метатарзална), Мусиала (тетива)
Суспендирани: нема
Ќе го пропуштат наредниот меч доколку пожолтат: Коман, Гнабри, Горецка, Лајмер, Сане
Победникот од дуелот Арсенал - Реал Мадрид ќе се соочи со ПСЖ во полуфиналето, додека победникот од дуелот Интер - Баерн ќе ѝ се спротивстави на Барселона.
Двата вечерашни натпревари почнуваат во 21:00 часот, а гледачите во Македонија може да ги следат низ директни преноси на каналите на Arenа Sport.
Реал Мадрид - Арсенал 21:00 (Arena Premium 1)
Интер - Баерн 21:00 (Arena Premium 2)