УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Арсенал вечерва е домаќин на ПСЖ во првиот чин од спектаклот во Лигата на шампионите

Арсенал и Пари Сен-Жермен вечерва на стадионот „Емирејтс“ ќе го играат првиот натпревар од првото полуфинале во Лигата на шампионите.

Арсенал влегува во завршницата на елитното европско фудбалско натпреварување охрабрен од елиминацијата на Реал Мадрид на исклучително убедлив начин со вкупен резултат од 5:1.

Во англиското првенство не се истакнуваат многу во последно време и често киксираат, а последниот резултат беше нерешено дома против Кристал Палас. Нема сомнение дека мислите на Арсенал се насочени кон Лигата на шампионите и вечерва ќе го покажат своето вистинско лице.

Арсенал има многу проблеми со играчкиот кадар. Калафјори, Габриел, Габриел Жезус, Хаферц, Жоржињо и Томијасу нема да играат поради повреди, како и Парти поради жолти картони.

Од друга страна, ПСЖ стигна до полуфиналето со многу мака преку Астон Вила. По сигурната победа дома, во Англија имаа многу проблеми што ќе мора да ги решат вечерва. Веќе го освоија француското првенство, па можат целосно да се фокусираат на Лигата на шампионите. Инаку, ПСЖ нема проблеми со повреди и суспензии и сите играчи се на располагање.

Арсенал веќе го победи ПСЖ во лигашкиот дел од сезоната кога беше 2:0 за „Топчиите“, а двата ривала се сретнаа во групната фаза од Лигата на шампионите во 2016 година, ремизирајќи 1:1 и 2:2 во двата меча.

Натпреварот помеѓу Арсенал и ПСЖ ќе се игра вечерва од 21:00 часот со пренос во живо на Arena Premium 1.

реклама

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Што му предвидува неделниот хороскоп на вашиот знак?

Read more

Кој предмет во домаќинството е повалкан од бањата?

Read more

Фудбал

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Read more

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Read more

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Read more

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Шпанците објавија снимка од ВАР собата за поништениот гол на Барса

Читај повеќе

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Читај повеќе
  • play_arrow

7 големи фудбалски клубови со лоши академии

Читај повеќе
  • play_arrow

Најбрзиот хет-трик во историјата на Ла Лига

Читај повеќе

ФИФА најави повисоки казни за расизам

Читај повеќе

Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Читај повеќе

Дејвид Бекам и Гари Невил станаа сопственици на Салфорд Сити

Читај повеќе

Арон Ван-Бисака смени спортски пасош: Ќе игра за ДР Конгo

Читај повеќе
  • play_arrow

Минесота го декласираше Голден Стејт и израмни на 1-1, Грин го нокаутираше Рид

Читај повеќе