Асамоа е во критична состојба, го скрши вратот удирајќи во реклама

Макфакс/Кајгана
/ 09.10.2025 / 15:07

Самуел Асамоа, 31-годишен играч од средниот ред на Того, е во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по сериозен судир со билборд за време на натпревар од втората кинеска лига.

Асамоа играше за Гуанси Пингуо против Чончин Тонлианлон, а по дуел со противничкиот играч со главата удри во билборд до теренот и падна на тревата.

Лекарите реагираа брзо, а клубот објави дека Асамоа претрпел повеќекратни фрактури на вратот и сериозно оштетување на нервниот систем.

Фудбалерот бил опериран и ќе го пропушти остатокот од сезоната, но неговата кариера е во сериозна опасност. Ова е затоа што параплегијата значи губење на способноста за движење на долните делови од телото.

Асамоа има одиграно 7 натпревари за репрезентацијата на Того. Поголемиот дел од својата кариера го помина во Белгија играјќи за Еупен, Левен и Син-Трујден, а во 2021 година се пресели во романската У Крајова. Од минатата година е во Кина, прво во дресот на Чиндао Ред Лајонс, а од годинава во Гуанси Пингуо.

реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Фудбал

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Read more

Алаба го напушта Реал

Read more

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Read more

Меси купи клуб во Каталонија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Die Welt: Реал Мадрид – Најлошите губитници во светот

Читај повеќе

Алаба го напушта Реал

Читај повеќе

Верстапен разочаран: Сакам да ја напуштам Формула 1, ова со правилата...

Читај повеќе

Германците може да им го украдат на Шпанците петтиот претставник во ЛШ

Читај повеќе

Меси купи клуб во Каталонија

Читај повеќе

Ракометарките на ЕП во група со европскиот и светскиот првак и еден од кодомаќините

Читај повеќе

Пожар ги уништи соблекувалните на Базел

Читај повеќе

Снајдер: Не е крив судијата, Камавинга е идиот!

Читај повеќе
  • play_arrow

Претседателот на УЕФА е во Скопје, се сретна со премиерот Мицкоски и ФФМ претседателот Омерагиќ

Читај повеќе