Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како големо засилување во трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „Кралскиот клуб“, откако го напушти Челси, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата.
Во неодамнешно интервју за францускиот Canal+, Азар откри неколку интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројот на дресот што не го сакал.
Азар раскажа како, по пристигнувањето во клубот, морал да го прифати дресот со број 7, кој пред него му припаѓаше на Кристијано Роналдо, иако тоа не била негова желба.
Неговата цел била поинаква.
„Не ја сакав 7-ката. Го сакав бројот 10 на Лука Модриќ. Го прашав и мислев дека ќе каже 'добро, земи го', но тој не ми го даде“, рече Азар низ смеа.
🗣️ Eden Hazard: “I didn’t want to take Cristiano’s #7.
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 18, 2026
I wanted Luka Modrić’s #10. I thought he was going to tell me ‘Go ahead take it’ but he didn’t (laughs).” @canalplus pic.twitter.com/gA3Cbr7pOj
Белгиецот нагласи дека никогаш не се чувствувал оптоварен со тоа што требало да биде наследникот на Роналдо.
„Тоа не беше никаков товар за мене, сметам дека не дојдов во Реал за да го заменам“, призна тој.
Додаде дека медиумите создале наратив дека тој доаѓа како замена за Роналдо, иако нивните стилови на игра се сосема различни.
„Медиумите велеа дека ќе го заменам Роналдо. Мислам дека мојот стил на игра е сосема различен од неговиот. Не можев да постигнувам 60 или 70 голови годишно. Едвај постигнав толку голови во целата моја кариера. Значи, мојот стил на игра беше сосем различен“, објасни Белгиецот.
„Дојдов таму за да играм како Еден, а не да го заменам Кристијано. Но, како што често се случува, работите не одеа добро“, заклучи Азар, чија кариера во Реал Мадрид беше целосно обележана со низа повреди.
Се пензионираше во 2023 година на само 32 години. Денес има 35.