Фудбалерите на Арсенал и ПСЖ приредија спектакуларен фудбал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, а не помалку возбудувања се очекуваат и вечерва во првите 90 минути од вториот полуфинален натпревар помеѓу Барселона и Интер.

И двата тима сѐ уште се во трка за шампионската титула во националните првенства на Шпанија и Италија, со таа разлика што Каталонците влегуваат во натпреварот по големото финале на Копа дел Реј во кое го победија Реал Мадрид, додека тимот од Милано беше поразен од Рома и му ја отстапи водечката позиција во Серија А на Наполи.
Barcelona 🆚 Inter
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 30, 2025
What will happen in 3 words? 👇#UCL pic.twitter.com/MyBSeHVJMV
„Мечот против Реал е веќе зад нас. Денес сме домаќини на многу добриот тим на Интер, кој несомнено е еден од најдобрите во Италија и тоа мора да се почитува, а особено можам да ја пофалам нивната одбранбена линија, која функционира совршено. Сепак, играме пред нашите навивачи, а кога е тоа случај, сè друго освен победа е неуспех, особено затоа што влоговите во овие 180 минути се навистина високи, а ние сакаме да се бориме за титулата европски шампион“, вели тренерот на Барселона, Ханси Флик.
🚨 Hansi Flick's squad for #BarçaInter in the @ChampionsLeague semifinals! pic.twitter.com/dELkMquXJ8
— FC Barcelona (@FCBarcelona) April 30, 2025
За разлика од германскиот стратег, предводникот на Интер, Симоне Инѕаги, има неколку проблеми со враќањето на тимот на вистинскиот пат по поразот од Рома, но смета дека тоа нема да биде премногу тешко. Иако треба да се има предвид дека не е само поразот од Рома, „Нераѕурите“ се во серија од три порази бидејќи претходно загубија и во Копа Италија од Милан (3:0) и во лигата од Болоња (1:0).
„Имавме тежок викенд, бидејќи не го постигнавме резултатот што го очекувавме во Серија А, но тоа не значи дека ќе паднеме. Напротив, полни сме со ентузијазам и желба да се натпреваруваме против голем ривал кој влегува во овој дуел по победата против актуелниот европски шампион. Нашата цел е да се пласираме во финалето и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа. Добро е што реваншот се игра пред нашите навивачи, па ако нешто тргне наопаку вечерва, можеме да го поправиме во Милано“, нагласи Инѕаги.
🐍🌕🇪🇸#ForzaInter #UCL #BarcellonaInter pic.twitter.com/MzeHVcpbeV
— Inter ⭐⭐ (@Inter) April 30, 2025
Полуфинале, први натпревари:
ВТОРНИК
Арсенал - Пари Сен-Жермен 0:1
4' Усман Дембеле
СРЕДА
Барселона - Интер 21:00 ч. (Arena Premium 1)
Реванш натпреварите ќе се играат на 6 и 7 мај.