Барселона добила неверојатна понуда за Јамал

Макфакс/Кајгана
/ 22.05.2025 / 18:39

Со само 17 години, Ламин Јамал стана еден од најдобрите фудбалери во светот и играч околу кого многу работи се вртат, а Барселона сака околу него да ја гради иднината. По брилијантните настапи во дресот на Барса, талентираниот Шпанец очекувано се најде на радарот на европските гиганти и оние кои се во многу подобра финансиска состојба од каталонскиот клуб.

Спортскиот директор на Каталонците, Деку, призна дека клубот добил екстра понуда, која не била лесна за одбивање. Според него, ПСЖ понудил 250 милиони евра.

Тековниот договор на Јамал со Барселона истекува на 30 јуни 2026 година, а Каталонците презедоа конкретни чекори за продолжување на неговиот договор.

„Обновувањето е на вистинскиот пат. Го гледам Ламин на необично зрело ниво. Мора да бидеме среќни и да се радуваме, бидејќи нешто вакво не е нормално. Играч толку млад, со толку многу квалитет, не изгледа нормално. Не смееме да заборавиме дека тој има 17 години и, без разлика колку и да е зрел, мора да живее според неговите години. Светот околу него е комплициран и тој треба да биде среќен“, рече Деку.

Португалецот потоа потврди дека минатата година добиле понуда од Париз, но дека не биле точни шпекулациите дека интерес за Јамал покажал и Реал.

„Тој не побара да биде најплатен играч во тимот. Нема јавно да зборувам за договорите на играчите. Ламин не побара ништо. Негов приоритет не е да биде најплатен играч, а неговиот договор ќе биде прилагоден на реалноста“, рече Деку.

Доколку Барса ја прифатеше понудата од Париз, рекордот ќе беше соборен, бидејќи ниту еден играч претходно не бил платен толку многу. Рекордот го држи Нејмар, кого ПСЖ го купи од Барселона за 222 милиона евра летото 2017 година.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Фудбал

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Read more

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Read more

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Read more

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Read more
 

Спорт

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Читај повеќе

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Читај повеќе

Ги добиваме првите полуфиналисти во ЛШ: Барса и Ливерпул бараат чудо

Читај повеќе

Руските и белоруските пливачи повторно ќе настапуваат под своите знамиња

Читај повеќе

Кој ќе седне на жешкото столче на Аѕурите: Двајца се силни фаворити

Читај повеќе