Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри детали за тоа како ќе го зачува и зајакне тимот кој освои речиси сè и стана апсолутен владетел на Шпанија оваа сезона.

„Ќе заработиме 950 милиони евра, тоа се речиси милијарда евра. Убеден сум дека ќе бидеме во рамките на правилата на финансискиот ферплеј во однос на буџетот за плати и трансфери. Ќе има промени во нашиот тим ова лето. Ќе се зајакнеме бидејќи нашите ривали ќе го сторат истото откако видоа дека имаме најдобар тим. Прво, ќе ги обновиме договорите на сите играчи што ги сакаме, а потоа ќе почнеме да доведуваме засилувања. Се договоривме за сè со Ламин Јамал, тој веќе го прифати нашиот предлог. Чекаме само 13 јули, кога ќе наполни 18 години, за да може да потпише“, изјави Лапорта за TV3.

Лапорта ги задоволи и навивачите на Барселона кои силно сакаат Рафиња да остане.

„Преговорите со Иниго Мартинес и Рафиња се во завршна фаза. Рафиња ќе остане бидејќи желбата за тоа е взаемна. Тој се чувствува многу поврзан со нашиот проект. Војчех Шчесни исто така ќе остане. Го доведовме поради неговото искуство, а сега му понудивме нов договор. Се надеваме дека ќе остане. Минатото лето сакавме да го доведеме Ник Вилијамс, но сега следиме други играчи. Ерлинг Холанд? Ништо во животот не е невозможно, но сега не размислувам за него бидејќи неодамна го продолжи договорот со Сити“, рече Лапорта.

Да ​​потсетиме дека Барселона ја заокружи тројната круна со освојување на Ла Лига две кола пред крајот на првенството, откако претходно ги освои Суперкупот и Купот на Кралот.

реклама

Венера во Рак им носи среќа во љубовта на четири хороскопски знаци од 19 мај

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Цариниците спречија обид за шверц на златна плочка вредна 4,5 милиони денари скриена во чевел

Read more

Бележник стар 800 години пронајден во средновековен тоалет во Германија

Read more

Фудбал

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Read more

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Read more

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Read more

1986 vs 2026 - споредба на албумите на Panini

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Читај повеќе

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе
  • play_arrow

1986 vs 2026 - споредба на албумите на Panini

Читај повеќе

Витиња: Сакаме да го освоиме Светското првенство за Кристијано Роналдо

Читај повеќе

Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Читај повеќе

ФФМ како џандар збира: Казнети 9 клубови, играч и тренер со вкупно 26 илјади евра

Читај повеќе

Со Гвардиола си заминува и Гвардиол: Пет играчи од Сити на излезна врата

Читај повеќе