Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Макфакс/Кајгана
/ 12.12.2025 / 10:57

Карим Бензема, легенда на Реал Мадрид, ја анализираше ситуацијата во клубот. Легендарниот Французин 14 години го носеше дресот на Реал Мадрид и во тој период освои сè во клупскиот фудбал. Моментално игра за Ал Итихад, а во интервју за L'Équipe, се осврна на актуелната ситуација во својот поранешен клуб.

Бензема смета дека проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите.

„Она што му недостасува на Реал Мадрид е врската помеѓу Мбапе, Винисиус, Белингам и Родриго. Секој од нив мора да знае што треба да прави на теренот. Белингам мора да разбере дека не е напаѓач, туку играч од средниот ред, Мбапе е напаѓач, а не офанзивен играч од средниот ред, Винисиус не е заден играч за врска, туку лево крило. Зборуваме за играчи кои се меѓу десетте најдобри во светот, и сите се во истиот тим. Тешко е, бидејќи секој има своја личност и карактер. Секој сака да биде најдобар, па затоа е малку комплицирано.“

Се поставува прашањето колкава одговорност има Шаби Алонсо во целата ситуација.

„Тренерот не може ништо да направи, ова е работа на играчите. Ако вашиот соиграч е подобар од вас, мора да го прифатите тоа, а не мислам дека тоа е прифатено во Реал. Затоа имате проблеми кога имате пет или шест одлични играчи во вашиот тим. Сите тие придонесуваат, но голгетерот е оној кој добива малку повеќе внимание од другите. Но, нему му се потребни други соиграчи, не може сè да направи сам.“

Егоизмот во клуб како Реал е нормална појава, проблемот е како да се контролира егото на светските ѕвезди.

„Проблемот е што во Реал Мадрид нема поискусни играчи кои се осмелуваат да им кажат на Белингам, Мбапе и Винисиус дека прават нешто погрешно. Тренерот го прави тоа, но на поинаков начин. Ситуацијата е комплицирана, денешните играчи не разговараат едни со други и тоа може да се забележи. Сè се сведува на 'Јас си ја завршив работата, постигнав гол'. Критиката секогаш е тешка за прифаќање, но всушност е чекор напред ако ја прифатите добро. Реал Мадрид е комплицирана средина во моментов, бидејќи има премногу добри играчи.“

реклама
Како да направите домашна чоколадна торта?

Домашна чоколадна торта по рецепт на Џејми Оливер

Read more

Сопругата на судијата Ристов реагираше по сведочењето на неговите родители за скриените 350.000 евра

Read more

Financial Times открива: САД ќе ја блокираат испораката на оружје за Украина ако не престане да ги напаѓа руските рафинерии

Read more

Најопасната закана на Америка за Украина досега: Му се јавуваат на Киев… Им се јавуваат на сите во Европа

Read more

Фудбал

Роналдо официјално под суспензија

Read more

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Алонсо бесен: Овој мотор е смешен

Читај повеќе

Роналдо официјално под суспензија

Читај повеќе
  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе