Серија несреќни околности или нешто повеќе, е прашањето што го поставува целата шпанска спортска јавност утрово, по ремито меѓу Рајо Вањекано и Барселона (1:1).
Поводот е пеналот што Ламин Јамал го претвори во гол во 40-тата минута.
Не само што немаше основа за пенал по стартот на Чаварија токму врз Јамал, туку судијата Матео Бускетс немаше начин дополнително да ја провери својата одлука.
Причината е откажувањето на ВАР системот, со кој имаше проблеми од самиот почеток на натпреварот, што не е никаква утеха за домашните фудбалери.
Рајо успеа да израмни во второто полувреме и да стигне до бод, а победа на тимот од мадридското предградие спречи одличниот голман Џоан Гарсиа, кој правеше чуда меѓу стативите.
По натпреварот, Иси Паласон, асистентот на голот на Рајо, рече дека судијата Бускетс им потврдил дека немало пенал.
„Судијата ни призна дека не беше пенал! Секогаш исто се случува против истиов тим“, беше бесен Паласон.
Losing the ball to the defender?
— Hassan (@GreatWhiteNueve) August 31, 2025
Penalty for Barcelona! pic.twitter.com/zBI5Dr8ndN
По три натпревари, Барса има 7 бодови и заостанува зад лидерите Реал и Атлетик, кои имаат по три победи.