Светското првенство во Канада, САД, Мексико официјално започнува оваа недела, а со тоа и најголемата безбедносна операција во историјата на модерниот спорт.
Додека навивачите ја чекаат магијата на фудбалот на теренот, во позадина се одвива вистински безбедносен трилер. Три национални тимови се под посебен надзор на локалната полиција во Соединетите Американски Држави: Ирак, Сенегал и Узбекистан.
Според снимките што доаѓаат од САД, безбедносните протоколи за овие тимови се толку ригорозни што патувањето од автобус или авион до хотел изгледа како поминување низ воена база.
Многу фанови ширум светот се во неверица откако беше објавена снимка, особено од сенегалски фудбалери кои биле третирани како да имаат дебело криминално досие. Снимката покажува дека дури и нивните стапала биле прегледувани.
The Senegalese 🇸🇳 delegation gets this treatment on arrival in the USA. Full tarmac searches, shoes off, bags turned inside out like criminals.
— World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 8, 2026
This is straight up humiliation and a disgrace. They’d never put white boys through the same.pic.twitter.com/KULjwTsCQI
Она што им ја отежнува работата на овие национални тимови е фактот што овие испити траат многу долго и можат да ги направат играчите нервозни.
Узбекистанците се дебитанти на Светските првенства, а уште на поријателската со Холандија игра аво понеделникот се соочија со понижување.
Откако пристигнаа на стадионот, штом излегоа од автобусот, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошниот персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка. Мораа да ги остават своите работи, кои потоа беа поединечно прегледувани од американски офицери со детектори за метал, а во контролата беа користени и кучиња трагачи.
The Uzbekistan 🇺🇿 national team faced crazy security in the USA before facing the Netherlands
— World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 8, 2026
Full body searches with sniffer dogs 😳pic.twitter.com/sIfS0NwOqy
Селектор на Узбекистан е Фабио Канаваро, светски шпампион со Италија од Мундијалот 2006 и освојувач на Златната топка истата година.
„Само нам ни го прават ова, прашајте ги зошто“, се пожали легендарниот стопер.
Претходно Ирачаните минаа низ голгота што слетаа во Чикаго. Нивниот напшаѓач Ајмен Хусеин беше задржан и испрашуван речиси 7 часа на Меѓународниот аеродром „О’Хара“, а на фотографот на репрезентацијата не му беше дозволен влез во САД и беше вратен назад.