Лионел Меси сè уште прави магии на фудбалските терени, но се чини дека размислува и за тоа што ќе прави откако ќе заврши неговата играчка кариера.
Судејќи според потезите и финансиските инвестиции што ги прави, нема сомнение дека ќе остане врзан за фудбалот.
Аргентинецот е на прагот да направи голема нова инвестиција во шпанскиот фудбал. Шпанските медиуми објавуваат дека постигнал принципиелен договор за купување на Елденсе, клуб кој се натпреварува во втората лига. Се вели дека Меси ќе го преземе целиот сопственички пакет, кој моментално е контролиран од колумбиска инвестициска група.
Сепак, зделката сè уште формално не е склучена. Трансакцијата мора да помине низ завршни правни и договорни процедури, вклучувајќи детална ревизија, како и одобрение од Шпанскиот спортски совет (CSD). Доколку сè оди според планот, се очекува официјално соопштение во наредните денови.
Елденсе е клуб од Елда, град во покраината Аликанте во автономната заедница Валенсија, и низ целата своја историја главно има играно во пониските лиги на шпанскиот фудбал, петта, четврта и трета лига. Сепак, во последните години успеа да се пробие во Сегунда, каде што играше во три од последните четири сезони.
𝑳𝑶𝑺 𝑵𝑼𝑬𝑺𝑻𝑹𝑶𝑺 💙❤️ #AupaDeportivo#EldenseMallorca #LALIGAHYPERMOTION pic.twitter.com/F3VtJhRPD8
— CD Eldense (@CD_Eldense) September 5, 2026
Меси влегува во клубот во момент кога ситуацијата на теренот не е идеална. Елденсе ја започна сезоната многу лошо и по првите четири кола има само 2 освоени бода, поради што се наоѓа на дното на табелата. Во меѓувреме, клубот го отпушти тренерот Клаудио Бараган.
Елденсе е клуб фоирмиран ан 17 септември 1921 година и настапува на стадионот „Нуево Пепико Амат“, кој има капацитет од 5.776 гледачи. Бил 12 пати шампион на Терсера, лоига која во различни периоди беше четврта и трета лига. Најдобриот пласман му е 7. место во Сегунда во сезоната 1962/1963.
Ова не е прв сопственички потфат на Меси во Шпанија. Во април, тој веќе купи 100% од акциите на Корнеља, каталонски клуб кој се натпреварува во петтото ниво на шпанскиот фудбал. Така, Елденсе ќе биде негов втор клуб во Шпанија, но и негов прв проект на професионално ниво.
Особено е интересно што Меси сè повеќе се вклучува во сопственичката и деловната страна на фудбалот, додека сè уште е активен играч на Интер Мајами. Според претходните планови, Аргентинецот треба да добие и удел во сопственоста на Интер Мајами по завршувањето на неговата играчка кариера.
Доколку се реализира купувањето на Елденсе, Меси ќе добие можност од прва рака да води клуб во еден од најпребирливите фудбалски системи во светот, што би бил огромен предизвик за аргентинската фудбалска легенда.