Бојан Илиевски: Кога нешто е добро, не треба да се менува
„Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателската против Саудиска Арабија, можеби да се пробаат некои нови комбинации, а против Лихтенштајн се надевам дека ќе продолжиме позитивно и во квалификациите. Тој натпревар е многу важен, јавноста можеби нѐ смета за фаворити, но покажавме дека и ние кога на хартија не сме фаворити, како против Белгија и Велс, можеме да изненадиме. Истото може да се случи и против Лихтенштајн, затоа тој меч е особено важен за нас“.