Бојан Миовски: Белгија е топ репрезентација, но ние докажавме дека играме како тим

Македонската репрезентација во полн состав се подготвува за претстојните мундијалски квалификациски натпревари против Белгија и Казахстан. Напаѓачот на шкотски Ренџерс, Бојан Миовски, смета дека овие натпревари се едни од најважните во поновата репрезентативна историја.

„Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме моментално во групата, имаме гол-разлика 11:2. Ако некој нѐ запрашал претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека бевме задоволни, но работата сѐ уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревара против Казахстан и против Велс се едни од најбитните во поновата репрезентативна историја“, вели Миовски.

„Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што 90% од играчите играат во топ петте лиги. Но, ние играме како тим, го докажавме тоа.“

Македонија гостува кај Белгија в петок од 20:45 часот во Гент, а потоа во понеделник го пречекува Казахстан во Скопје.

реклама

Земјотрес ќе се врати во Скопје кога МКЦ ќе им се врати на скопјани

Read more

Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград, полицијата го пронашла врзан во автомобил

Read more

Тајната за совршени ќофтиња е во една едноставна состојка

Read more

Измерена најдолгата змија во светот

Read more

Фудбал

Барселона официјално се повлече од проектот Суперлига

Read more

Спортинг и Комо ќе му конкурираат на Интер Мајами за потписот на Роналдо

Read more

Времето лета: Синот на Руни доби понуда од Манчестер Јунајтед

Read more

Роналдо протестира, Саудијците му одговорија

Read more
 

Спорт

Барселона официјално се повлече од проектот Суперлига

Читај повеќе

Спортинг и Комо ќе му конкурираат на Интер Мајами за потписот на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ надмина уште една легенда и сега е втор по трипл-дабл во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелските спортисти исвиркани на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереален пресврт на Бостон: Губеше 22 разлика и сепак го победи Мајами

Читај повеќе

Времето лета: Синот на Руни доби понуда од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Зошто скијачите на ЗОИ ќе имаат микрочипови на меѓуножјето?

Читај повеќе

Роналдо протестира, Саудијците му одговорија

Читај повеќе

Пред десет години беа шампиони на Англија, сега им се заканува исфрлање во трета лига

Читај повеќе