квалификации за фифа светско првенство 2026

Боливија преку Бразил на Анчелоти се избори за мундијалски бараж

Боливиската репрезентација е сѐ поблиску до враќање на Светските првенства, нешто што го чека од 1994 година, кога последен пат учествуваше на светскиот собир. Но, работата е до половина завршена бидејќи за да се случи тоа ќе треба да ги преживее интерконтиненталните бараж натпревари следната пролет.

За оваа пружена можност треба да му се заблагодари на стрелецот на единствениот гол на натпреварот, Мигелито, кој беше прецизен од белата точка во 4. минута од судиското надополнување на првото полувреме, но и на не толку заинтересираниот Бразил.

Повеќекратните светски шампиони веќе имаа обезбедено место на Мундијалот, па селекторот Карло Анчелоти ги измеша картите кога стануваше збор за составот, а резервистите му се заблагодарија за дадената можност со првиот пораз откако го напушти Реал Мадрид и седна на клупата на „Селесау“, по завршувањето на шпанското првенство.

Remote video URL

Боливија само три пати има играно на Мундијалите и тоа на првиот во 1930 година во Уругвај, потоа во 1950 во Барзил и на гореспоменатиот во 1994 во САД каде го постигна првиот гол и го освои првиот бод.

Во интерконтиненталниот бараж ќе учествуваат 6 репрезентации, а покрај Боливија познат е и учесникот од зоната на Океанија и тоа Нова Каледонија. Азија ќе има еден претставник, исто толку и Африка, додека два претставника ќе има Северна Америка. Шесте репрезентации ќе бидат поделени во две групи каде полуфинале ќе играат послаборангираните, а победниците во финалниот бараж ќе играат против двете најдоброрангирани.

Аргентина исто така го загуби својот натпревар, во отсуство на нивната и светската легенда Лионел Меси, исто така без никакви последици, бидејќи „Албиселесте“ одамна обезбедија пласман на Мундијалот, каде што ја бранат титулата освоена во Катар. Аргентинците беа поразени со мининални 1:0 на гостувањето кај Еквадор.

Remote video URL

На Боливија услуга ѝ направи и Колумбија која во голеада славеше на гости кај соседот Венецуела и тоа со 6:3. Венецуела со победа ќе отидеше во баражот без разлика на исходот од мечот Боливија - Бразил, но вака Венецуелците остануваа единствената јужноамериканска репрезентација која никогаш не играла на Мундијал. Иако поведоа уште во 3. минута, а потоа водеа и 2:1, Колумбијците не само што на двапати израмнуваа, туку потоа и направија пресврт со високи 2:5 за на крај да слават со 3:6.

Remote video URL

Во останатите натпревари, кои не одлучуваа ништо, Парагвај славеше со 1:0 кај Перу, додека Чиле и Уругвај одиграа без голови.

Конечна табела:

реклама

Фудбал

Победа се откажа од играњето во втората лига

Read more

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Read more

Роналдо го прекинува штрајкот

Read more

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Read more
 

Спорт

Победа се откажа од играњето во втората лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Им требал двоглед: За седишта кај чавките на Супербоул платиле 3.400 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Четворица исклучени во жестока тепачка во НБА, и полицијата влета на терен

Читај повеќе

Првата лига се буди од зимскиот сон со коло од вторник до четврток

Читај повеќе

Роналдо го прекинува штрајкот

Читај повеќе

Халанд не постигнал гол само на еден стадион во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Албертини шокантно открива: Двајца играчи се криеја зад клупа за да не шутираат пенал

Читај повеќе

Дали Манчестер Јунајтед засекогаш ја затвори вратата за Роналдо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Линдзи Вон оперирана во болницата во Тревизо

Читај повеќе