Динамо објави сензационална вест - Исмаел Беннасер, кој не толку одамна беше еден од најдобрите фудбалери на Милан, стана нов играч на тимот од Загреб.
Алжирскиот интернационалец пристигна од Милано на едногодишна позајмица со опција за откуп.
Бенасер има одиграно 137 натпревари за Милан во Серија А и европските натпреварувања, а беше прогласен за најдобар играч на турнирот на Африканскиот куп на нации во 2019 година.
Со Милан го освои Скудетото во сезоната 2021/2022 и играше во полуфиналето на Лигата на шампионите откако неговиот гол им помогна на „Росонерите“ да го елиминираат Наполи во четвртфиналето, а потоа се сметаше за еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.
Следната сезона доживеа сериозна повреда на коленото поради која беше потребна операција, а изминатата полусезона ја помина на позајмица во Марсеј, каде што беше еден од најдобрите играчи во француското првенство.
„Неговото доаѓање претставува големо засилување за нашиот клуб и значаен чекор во зајакнувањето на тимот за претстојните предизвици“, соопшти Динамо.