афкон 2025 мароко

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Фудбалерите на Мароко синоќа се пласираа во финалето на Африканскиот куп на нации по луда пенал драма, а херој на победата на домашната екипа беше одличниот голман Јасин Буну, попознат како Боно, кој одбрани два од четирите пенали.

Мароко и Нигерија одиграа не толку интересен натпревар до изведувањето на пенали. Првите 90 минути од мечот завршија без голови, а немаше погодоци ниту во продолжението од двапати по 15 минути.

Сепак, пеналите донесоа возбудувања. Првиот пенал го промашија Мароканците, поточно Хамза Игаман, но со иста мера врати и Самуел Чуквуезе, кој не беше прецизен за Нигерија. Поточно, му одбрани Буну.

Мароканскиот голман стана вистински херој со четвртиот пенал на Нигерија, кој го изведе Бруно Онјемаечи. Пеналот беше навистина неконвенционален и поради позиционирањето на голманот Буну и поради исходот на крајот.

Боно се обиде со трик да го збуни нигерискиот пеналџија, отиде до левата статива пред топката да стигне до него, а Онјемаечи „се нафрли“ и шутираше право на страната каде што беше мароканскиот голман. Лесно го сопре неговиот удар.

Bono unusual penalty save vs Nigeria
byu/Hakimi_Raikkonen insoccer

Мароко ќе игра против Сенегал во големото финале во недела во 20:00 часот. Тоа ќе биде дуел помеѓу двата први фаворити на целиот турнир, што значи дека годинашниот Африкански куп на нации помина без големи сензации и ни донесе возбудувања какви што не паметиме.

И Мароко и Сенегал досега имаат по една титула: Мароко во далечната 1976 година, а Сенегал скоро - во 2021. Мароканците имаат едно загубено финале - во 2004 од Тунис, а Сенегалците две - во 2002 од Камерун и во 2019 од Алжир.

Remote video URL
реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Read more

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Read more

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе