Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Лига Европа за натпреварувачката 2025/2026 година завршува вечерва, а по битките што започнаа пред точно десет месеци натпреварот што ќе го одреди победникот на трофејот ќе ги одмери силите меѓу германскиот Фрајбург и англиската Астон Вила.

И двата тима влегоа во натпреварувањето од лигашката фаза, во која клубот од Бирмингем беше далеку поуспешен, забележувајќи 7 победи, а единствениот пораз беше против холандски Гоу Ахед Иглс, кој славеше со 2:1 на домашен терен.

Од друга страна, Фрајбург ја заврши лигашката фаза на седмата позиција со скор од 5 победи, 2 нерешени и 1 пораз.

И Германците и Англичаните беа повеќе од доминантни во нокаут-фазата и заслужено стигнаа до решавачкиот натпревар, кој ќе се одржи на стадионот „Бешикташ“ во Истанбул, каде што тимот од југозападна Германија ќе се обиде да стигне до својата прва европска титула, додека тимот од Бирмингем сака да го повтори успехот од 1982 година, кога покрај европската круна го освои и Суперкупот на УЕФА.

„Сега е сè или ништо. Влегуваш во натпреварот знаејќи дека ќе има само еден победник, а тоа е она што ти сакаш да бидеш. Никој не сака да губи финале, и тоа не е местото каде што треба да ти биде главата; само сакаш да мислиш на победа и да направиш сè за да победиш.“, вели Јури Тилеманс,. Белгиецот од средниот ред на Астон Вила.

„Навивам за Фрајбург уште од дете, а потоа имав можност да стигнам до првиот тим. Да стојам тука денес во Истанбул, во финалето на Лига Европа, е нешто многу, многу посебно - не само за нас како тим, туку и за целиот клуб. Развојот на клубот беше неверојатен и мислам дека сите би заслужувале да го крунисаме со нешто посебно. Но, за тоа, сè уште треба да направиме уште еден чекор. Знаеме дека се соочуваме со многу силен тим со извонреден индивидуален квалитет и менаџер со неверојатно искуство, особено во европските натпреварувања. Но, на крајот на краиштата, тоа се фактори на кои не смеете да им дозволите да играат преголема улога откако ќе излезете на теренот. Затоа се чувствувам многу позитивно во врска со тоа. За 90 минути фудбал, или 120, сè може да се случи“, вели Кристиан Гинтер, левиот бек на Франјбург.

Историја

Тежината на финалето можеби е поголема за Фрајбург оти овој клуб во својата историја не може да се пофали со некој значаен пехар бидејќи во своите витрини има само од пониските лиги и купови. Популарните „Брајзгау Бразилци“ четири пати ја имаат освоено втората Бундеслига и тоа се најпрестижмните успеси со кои можат да се пофалат, како и едно загубено финале во ДФБ купот во сезоната 2021/2022 на пенали од Лајпциг.

Астон Вила во сезоната 1981/1982 го освои топгашниот Европски куп, денес Лигата на шампиони, во финалето совладувајќи во Баерн со 1:0. Но, популарните „Виланс“ можат да се пофалат и со 7 пехари шампиони на Англија (последен пат во 1980/1981), 7 во ФА купот, 5 во Лига купот, 1 англиски Суперкуп и 2 од Чемпионшип (Втора дивизија во тоа време).

Пренос

Директниот пренос за територијата на Македонија ќе оди на Arena Premiun 1 од 21:00 часот.

Судии

УЕФА одлучи правдата на оваа германско-англиска пресметка да ја делат француски судии на чело со Франсоа Летексје. Ќ му помагаат Сирил Мјињер и Мехди Рахмуни, четврти ќе биде Шпанецот Алехандро Ернандес, а во ВАР собата ќе бидат Жером Бризар (главен) со помошниците Вили Делажод и Денис Иглер.

Патот до финалето

Лигашка фаза

Фрајбург – Базел 2:1
Астон Вила – Болоња 1:0
Болоња – Фрајбург 1:1
Фејнорд – Астон Вила 0:2
Фрајбург – Утрехт 2:0
Гоу Ахед Иглс – Астон Вила 2:1
Ница – Фрајбург 1:3
Астон Вила – Макаби Тел Авив 2:0
Викторија – Фрајбург 0:0
Астон Вила – Јанг Бојс 2:1
Фрајбург – Салцбург 1:0
Базел – Астон Вила 1:2
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1:0
Фенербахче – Астон Вила 0:1
Лил – Фрајбург 1:0
Астон Вила – Салцбург 3:2

Осминафинале

Фрајбург – Генк 5:1, 0:1
Астон Вила - Лил 2:0, 1:0

Четвртфинале

Фрајбург - Селта 3:0, 3:1
Астон Вила - Болоња 4:0, 3:1

Полуфинале

Фрајбург - Брага 3:1, 1:2
Астон Вила - Нотингем Форест 4:0, 0:1

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе