Босански програмери направија мега популарна апликација за размена на сликички за Светско

Традицијата на собирање и размена на сликички во Босна и Херцеговина доби своја модерна, дигитална верзија благодарение на четири млади и талентирани софтверски инженери.

Фото: Klix

Како што пишува босанкиот портал Klix, Фарук Куртиќ, Абдулах Ѓуловиќ, Енис Мулиќ и Зејд Делиќ ја лансираа платформата slibe.online, иновативен систем кој драстично го поедноставува патот до пополнет албум за колекционерите во оваа земја и пошироко.

Овој добро координиран тим, составен од студенти и млади професионалци кои веќе градат кариери во ИТ индустријата, ја добил идејата сосема спонтано, поттикнати од сопствените долгогодишни проблеми со кои се соочувале како страствени колекционери и навивачи на репрезентацијата на БиХ, пишува Klix.

„Со години, размената на сликички се сведуваше на Facebook групи, бесконечни коментари и објави во кои беше исклучително тешко да се најде она што ви треба. Во исто време, пополнувањето на албумот стана сериозен финансиски предизвик. Овогодинешниот албум содржи дури 980 сликички, а со цена на пакет од 2,50 КМ, комплетирањето на албумот исклучиво со купување стана прескапо за многумина. Сакавме да понудиме побрзо, поедноставно и помодерно искуство“, објаснуваат основачите на платформата.

По брзата и лесна регистрација, на корисниците им се претставува интуитивен интерфејс инспириран од изгледот на физичкиот албум. На него едноставно означувате кои сликички ги имате, кои ви се дупликати, а кои ви недостасуваат. Потоа, користејќи паметен алгоритам, системот автоматски ги пронаоѓа потенцијалните совпаѓања со други колекционери. По поврзувањето на корисниците, комуникацијата и конечниот договор за размена се одвиваат директно преку вградениот разговор.

Она што започна како решение за локален проблем, се претвори во вистински хит на домашниот интернет за рекордно време. Платформата доживува експлозивен раст, а по големиот прилив на нови членови во последните денови, заедницата веќе брзо се приближува до бројката од 5.000 регистрирани корисници. Феноменот најдобро го илустрира фактот дека досега на платформата се прикачени повеќе од милион минијатури.

„Дури кога почнавме да гледаме луѓе околу нас како го користат slibe.online секој ден - од пријатели и колеги до целосни странци на улица - станавме свесни дека проектот навистина оживеал. Секој ден добиваме огромен број пораки за поддршка од колекционери за кои ја вративме забавата во целото искуство, а тоа е нашата најголема мотивација за понатамошна работа“, истакнуваат овие млади иноватори.

Неодамнешното појавување на слични апликации на пазарот за овој тим е само потврда дека тие биле меѓу првите што препознале реална потреба на пазарот и понудиле вистинско решение. Сепак, нагласуваат дека slibe.online не бил лансиран како комерцијален проект, туку како алатка што треба да ѝ служи на заедницата.

„Нашата најголема желба е платформата да стане централно место за собирање на колекционери од Босна и Херцеговина, целиот регион и дијаспората. Аз ако зборуваме за нашата внатрешна тимска цел – сакаме да ја 'пополниме Босна“, велат Фарук, Абдулах, Енис и Зејд.

Оваа босанска платформата за сликички можете да ја најдете тука.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе