Играњето на Светското клупско првенство се исплатеше за играчите на Челси. „Сините“ синоќа славеа победа од 3:0 во финалето против ПСЖ, а покрај пехарот, освоија и значителна сума пари.
Самата идеја за Светското клупско првенство беше осудена од многу играчи, со оглед на тоа што се игра во средината на летото и ја продолжува веќе напорната сезона.
Сепак, клубовите што се квалификуваа за Светското првенство со задоволство ја прифатија поканата, а причината беа парите. Челси доби 32,2 милиона евра само за учество на турнирот, а победите на патот до финалето му донесоа на клубот дополнителни 65 милиони.
Триумфот во финалето му донесе на лондонскиот тим 34,2 милиони евра, па Челси заработи вкупно 131,4 милиони евра на Светското првенство.
CHAMPIONS OF THE WORLD. pic.twitter.com/wWUEoi25Ov
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025