КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Чесите бесни поради срамот на векот: Изгубивме од рибари и столари

Репрезентација на Чешка синоќа го доживеа најголемиот срам во својата историја откако беше поразена со 2:1 од Фарските Острови.

Фарските Острови славеа на домашен терен во Торсхавн со головите на Ханус Серенсен и Мартин Агнарсон, додека единствениот гол за Чесите беше дело на Адам Карабец кога во 78. минута израмни на 1:1.

Сои овој пораз Чешка ги загуби и оние минимални шанси да го освои првото место, за кое се бореше со Хрватска, а чешките медиуми остро ја критикуваа својата репрезентација.

По поразот од земја со население од 55.000 жители, водечкиот чешки портал Idnes.cz го нарече поразот „најголемиот срам на чешкиот фудбал од независноста“, додека други употребија термини како „дебакл“ и „историски срам“.

Порталот Sport.cz беше уште поостар, опишувајќи го настапот на чешката репрезентација како „безнадежен и без никаква идеја“.

Нагласија дека Чешка загубила од репрезентација на полупрофесионални играчи, истакнувајќи дека за Фарски Острови играат фудбалери кои вообичаено работат како рибари и столари.

За да биде уште полошо, Чешка успеа да упати само еден удар кон голот на синоќешниот натпревар.

За Фарските Острови, кои некогаш беа рангирани на 198. место на ранг-листата на ФИФА, ова беше нивната четврта победа во последните пет квалификациски натпревари, нивната најуспешна серија во нивната историја. Никогаш претходно не победиле повеќе од двапати во едни квалификации. Во четвртокот Фарските Острови ја средија и Црна Гора и тоа со високи 4:0, исто така на домашен терен. Претходно двапати го победија Гибралтар.

Победата ги става во борба за бараж, каде што ќе бараат место пред Чешка, која има еден бод предност со уште еден преостанат натпревар. Сепак, шансите тоа да се случи се мали бидејќи Фарските Острови треба да играта уште само со Хрватска, додека Чесите со Гибралтар.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Фудбал

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Read more

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Read more

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Read more

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Read more
 

Спорт

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе