Мадридски Атлетико го победи Ваљадолид со 4:2 во последниот натпревар од 31. коло на Ла Лига. Главната тема по натпреварот е прекрасениот гол на Џулиано Симеоне, синот на тренерот на Атлетико, Диего.
По натпреварот, тренерот на Атлетико, кого некои претходно во сезоната го обвинија за непотизам, дека Џулиано игра само затоа што е негов син, доби прашање за токму за син му.
„Не очекував дека ќе игра вака сезонава, иако очекував дека ќе ни помогне. Игра добра сезона и се надевам дека ќе може да го задржи ова ниво. Никој ништо не му дал и никој ништо нема да му подари. Тој го знае тоа, бидејќи ме познава подобро од кој било“, изјави Симеоне.
Џулиано Симеоне е во Атлетико од својата 17-та година, а игра на позицијата крилен напаѓач. Изминатите две сезони ги мина на позајмица, прво во второлигашот Сарагоса, а потоа и во прволигашот Алавес.
На почетокот на оваа сезона се врати во својот матичен клуб и на 40 настапи постигна 5 гола и направи 7 асистенции. Минатиот месец го постигна деби голот за аргентинската репрезентација против Бразил.
Another angle for Giuliano Simeone's goal against Valladolid
byu/Tiberiusthemad insoccer