Инспиративна приказна ни доаѓа од Германија, каде што професионално деби во фудбал забележа Доминик Залц, човек кој секогаш сонувал да добие таква можност, а кариерата ја градел на два фронта.
Доминик Залц има 37 години, а со фудбал се занимава уште од раното детство. Сепак, целата своја кариера ја поминал како аматерски фудбалер играјќи за тимови од пониските лиги.
Истовремено и многу поуспешно, Залц ја изградил својата кариера како финансиски експерт и консултант во една од најсилните германски компании, Deutsche Vermögensberatung AG, компанија која работи како финансиски дистрибутер во Германија, Австрија и Швајцарија.
Овој истакнат финансиски советник од почетокот на сезоната настапува за аматерскиот тим на Карлсруе, или во обложувалничките билтени познат како Карлсруе II, кој се натпреварува во шестата лига. Летоска направил трансфер од петтолигашот Зонехоф Гросаспах.
An alle unter 37: Ihr habt noch ein bisschen Zeit! 😁💙
— Karlsruher SC (@KarlsruherSC) November 23, 2024
Glückwünsche an Dominik Salz zum Debüt in der 2. Bundesliga! ⚽️#KSCmeineHeimat pic.twitter.com/LCqBlI3vkV
Сепак, на последниот натпревар на првиот тим против Гројтер Фирт во популарната Цвајта, тој неочекувано доби повик, а потоа влезе во игра во последните моменти од натпреварот и со тоа испиша историја.
Тоа беше негово професионално деби бидејќи се работи за втората Бундеслига, за професионалниот клуб Карлсруе.
„Моите еженици се наежија“, изјави тој по натпреварот.
Залц се надева дека ќе одигра уште некој натпревар за првиот тим на Карлсруе до крајот на сезоната и можеби ќе добие поголема минутажа отколку што беше случај во неговото деби. Додека не добие шанса, ќе игра напорно за аматерскиот втор тим, но ќе работи и како финансиски советник.
Во текот на својата кариера има одиграно повеќе од 250 натпревари во германскиот аматерски фудбал, најмногу во лигашкиот сектор во регионот Баден-Виртемберг.
Во своето деби неговиот тим победи со 3:2 на гости, а Залц во игра влезе како напаѓач, што е негова примарна позиција. Во 268 настапи во германскиот фудбал има постигнато импресивни 129 голови. Пред натпреварот во 2.Бундеслига имаше само 17 настапи во полупрофесионалната регионална лига.