Чудо среде Атлантикот: Конференциска лига ќе се игра во најзападната точка на Европа

Европски фудбал налето ќе се игра во средината на Атлантскиот Океан, откако малиот португалски клуб Санта Клара го освои петтото место и се пласираше во Конференциската лига.

Тимовите што ќе играат во Конференциската лига наредната сезона имаат шанса да играат против Санта Клара, можеби најатрактивниот можен противник во Европа во моментов.

Санта Клара победи против Фаренсе во последното коло од португалската лига Сагреш, со што го обезбеди петтото место, кое води во квалификациите за Конференциската лига. Ова е најдобриот пласман во историјата на овој клуб во португалското првенство.

Клуб се наоѓа во градот Понта Делгада во центарот на Азорските Острови. Градот се наоѓа на островот Саун Мигел, најголемиот и најнаселен во целиот архипелаг, кој има 67.000 жители.

Азорските Острови се состојат од 9 главни острови лоцирани околу 1.370 километри западно од Лисабон, а Санта Клара е единствениот професионален фудбалски клуб од целите Азорски Острови.

Секако, тоа е најоддалечениот регион на Европската Унија и најзападниот клуб што се натпреварува во европскиот фудбал.

Дополнително интересно е што во исто време, казахстански Шахтер од Караганди исто така обезбеди место во Конференциската лига, а доколку ждрепката ги спои овие два тима, летот помеѓу двете дестинации ќе трае повеќе од 22 часа. Растојанието помеѓу Понта Делгада и Караганди е 7.500 километри.

Исто така, постои можност претставник на Македонија да има можност да го посети овој егзотичен остров во средината на Атлантскиот Океан. Да потсетиме, пласман во Конференциската лига од нашата земја изборија Силекс и Работнички, а ќе им се придружи и победникот од утрешното куп финале меѓу Вардар и Струга. Но, за македонските клубови да имаат можност за дуел со Санта Клара ќе мора да го минат првото квалификациско коло бидејќи португалскиот тим стартува од второто. Во зависност од тоа колку кола ќе мине шампионот Шкендија во Лигата на шампионите, при елиминација и таа ќе се приклучи во квалификациите за Конференциската лига.

Доколку се случи тоа, нема да биде прв пат, бидејќи фудбалерите на чаирски Шкупи летото 2021 година беа во Понта Делгада на мегдан со Санта Клара и загубија со 2:0 откако претходно во Скопје загубија сои 3:0. И тоа беше во Конференциската лига. 

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе