Сергеј Јакировиќ и неговиот Хал Сити останаа непоразени и по четири кола во Премиер лигата.
На табелата пред нив се наоѓаат само шампионот Арсенал и вицешампионот Манчестер Сити – што претставува фантастичен успех за тимот предводен од босанскиот стратег Сергеј Јакировиќ.
Тимот од 275-илјадниот од град Кингстон на Хал уште на стартот приреди големо изненадување кога со 2:0 го совлада фаворизираниот Манчестер Јунајтед. Следуваше триумф од 1:0 на гостувањето кај Ковентри Сити, па меч без голови дома со Астон Вила и реми 2:2 синоќа против Челси во Лондон.
Still unbeaten. 💪 https://t.co/HaLtaro3u4 pic.twitter.com/ZLOFjzlSdQ
— Hull City (@HullCity) September 12, 2026
Големината на успехот на Јакировиќ најдобро се отсликува преку фактот што, кога тој го презеде клубот во Чемпионшип минатиот јуни, на тимот му се предвидуваше испаѓање во третиот ранг на натпреварување, односно Лиг 1.
Статистичките модели предвидуваа пласман на 23. место и скромни 52 бода; сепак, Хал ја заврши сезоната со импресивни 21 бод повеќе од очекуваното.
Тој неверојатен учинок им донесе на Јакировиќ и на неговиот тим пласман во елитната лига, каде што продолжија да рушат рекорди. Хал Сити стана првиот клуб штотуку пласиран во повисок ранг, по Портсмут во 2003 година, кој останал непоразен во воведните четири кола од Премиер лигата.
Нареден предизвик за „Тигрите“ ќе биде гостувањето кај Њукасл в сабота.