Џајиќ: Имавме договор со Шукер, поради војната трансферот пропадна

Макфакс/Кајгана
/ 07.04.2025 / 10:22

Драган Џајиќ, актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, во разговор за агенцијата AFP се присети на периодот кога беше директор на Црвена звезда.

Во 1991 година „Црвено-белите“ станаа европски шампиони, а многумина голема заслуга за тој успех му припишуваат на тандемот Владимир Цветковиќ и Драган Џајиќ, кои беа на чело на белградскиот великан.

„Бари требаше да биде само почеток на нашето владеење. Долго време градевме победнички тим, имавме јасен план, имавме договорено уште еден голем трансфер“, истакна Џајиќ.

Уште еден врвен центарфор требаше да пристигне на „Маракана“.

„Давор Шукер веќе беше играч на Црвена звезда, имаше потпишано преддоговор, а потоа сè пропадна за само еден ден“, рече Џајиќ и додаде: „Почна војна и сè пропадна. Никој не загуби како Звезда“.

Шукер тогаш настапуваше за загрепскиот великан Динамо, каде за две сезони постигна 34 голови во југословенската Прва лига. На 23 години летото 1991 година наместо во Звезда замина во Севиља. Војната во Хрвтаска почна во март истата година.

Џајиќ посочува дека пријателските односи преовладувале во шампионскиот тим на Звезда и покрај војната која започна во поранешна Југославија.

„Трофејот во Бари ни го донесе Македонецот Дарко Панчев. Тука беа Хрватот Роберт Просинечки, Црногорецот Дејан Савичевиќ, Рефик Шабанаџовиќ од Босна и Херцеговина и српски играчи“.

Шукер 5 сезони блескаше во Севиља за потоа во 1996 да се пресели во Реал Мадрид. Најмногу се прослави на Мундијалот 19098 во Франција каде беше најдобар стрелец со 6 голови предводејќи ја Хрватска до сензационалното трето место.

реклама

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Запленети 43 тони кокаин: Секна рутата од Латинска Америка кон Европа

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе