Дали има зла крв меѓу Мбапе и Винисиус?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килјан Мбапе, се огласи по натпреварот со Виљареал.

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Виљареал со 3:1 во осмото коло од шпанската Ла Лига, а Винисиус Жуниор постигна два гола, од кои едниот беше од пенал.

Токму оваа ситуација од 69-тата минута ја крена бурата, бидејќи Мбапе не го изведе пеналот.

Одговорноста му беше доверена на Винисиус, за кого тоа беше првиот изведен пенал оваа сезона.

Французинот му го даде шоуто на својот соиграч, а Бразилецот возврати со гол, втор за Реал Мадрид во тој натпревар.

На прес-конференцијата, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, рече дека тоа била заедничка одлука на двајцата играчи, но дека официјален изведувач е сè уште Мбапе, кој дотогаш ги изведе и реализираше сите пенали оваа сезона.

„Пеналот? Одлучија заедно, но изведувачот останува Мбапе. Тоа беше прашање меѓу нив двајца“, рече тренерот на Реал.

Тоа беше причината зошто Килјан Мбапе се огласи на социјалните мрежи за да изјави дека е голем обожавател на Винисиус.

Во Story на Instagram, Мбапе објави фотографија направена непосредно пред изведувањето на пеналот - на сликата се гледа како му се приближува на Винисиус со насмевка и блискост со јасна порака:

„Секогаш сум со тебе“, напиша Мбапе, кој го постигна третиот гол за Реал на оваа средба.

Пораката беше придружена од ѕвезди, бидејќи тие се двете најголеми ѕвезди на Реал под водство на Чаби Алонсо.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе