Дали Роналдо би се вратил во Манчестер Јунајтед?

И покрај тоа што влезе во петтата деценија од животот, Кристијано Роналдо продолжува неуморно да ги тресе мрежите. Португалскиот ас во тековната сезона на 35 одиграни натпревари за Ал Наср постигна 32 гола и додаде четири асистенции.

Роналдо очигледно ужива во животот на Блискиот Исток, па на почетокот на годината ја продолжи соработката со клубот од Саудиска Арабија, потпишувајќи договор вреден повеќе од 167,9 милиони фунти. Со тоа ја задржа титулата најплатен фудбалер во светот. Новиот договор го обврзува до јуни 2026 година, кога ќе има 41 година.

Тој веќе откри дека по играчките денови се гледа себеси во улога на сопственик на фудбалски клуб, со што би ја продолжил дружбата со спортот, но сè уште не е јасно кога ќе се повлече од терените. Иако сè укажува дека кариерата ќе ја заврши во Саудиска Арабија, постои и сценарио во кое би можело да се врати во европскиот фудбал.

Теди Шерингем, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед и освојувач на Лигата на шампионите и трикратен англиски шампион со „црвените ѓаволи“, исто така ја изрази својата визија каде Роналдо би можел да ја продолжи кариерата. Според британски Daily Mail, Шерингам верува дека постои шанса Роналдо да заврши со најголемите ривали на неговиот поранешен клуб, Манчестер Сити. На оваа тема тој рече:

„Мислам дека навивачите на Манчестер Јунајтед не би биле среќни. Доколку бројките се поклопат, Роналдо веројатно би ја зграбил таа можност со двете раце. Дефинитивно може да постигне гол, нели? Тоа е непобитно".

Со оглед на тоа што Манчестер Сити веќе некое време е без Ерлинг Холанд, нивниот најдобар стрелец, Шерингам смета дека токму овој детаљ може да му ја отвори вратата на Португалецот да пристигне на Етихад:

„Да, изгледаа малку изгубено без нивниот напаѓач, нели? Немаа ист ритам во играта, но не знам. Леле, не ни помислив на тоа, Роналдо дефинитивно би бил возбуден поради тоа. Тоа би било забавно“, рече Шерингам, додавајќи: „Се обложувам дека ако му се понуди шанса да оди во Манчестер Сити, ќе ја прифати без размислување“.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Снегот се натрупува, отежнато движењето по улиците низ Чаир и Бутел

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Фудбал

Холанд им се извини на навивачите на Сити, се огласи и Пеп

Read more

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Read more

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Read more

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more
 

Спорт

Холанд им се извини на навивачите на Сити, се огласи и Пеп

Читај повеќе

Шок во Херниг, браќата Кошта ја решија Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракометарите ја победија Романија, но само со еден гол разлика

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп ги прекрши сопствените правила во Норвешка: Ситуацијата овде е поинаква

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлоши можни вести: Заврши сезоната за Џими Батлер

Читај повеќе

Македонија мора да ја победи Романија, потоа ќе навива за Данска

Читај повеќе
  • play_arrow

ЛШ завршница: Дерби на Меаца, Реал и Сити бркаат влез во топ 8

Читај повеќе

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе