СЕРИЈА А 2025/2026

Де Роси е новиот тренер на Џеноа

Макфакс/Кајгана
/ 05.11.2025 / 15:22

Џеноа ќе го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер, објавија денеска италијанските медиуми.

Football Italia објави дека Де Роси ќе потпише договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката доколку тимот избори опстанок во Серија А.

Де Роси ќе го предводи тимот во претстојниот првенствен натпревар в недела против Фиорентина.

Управата на клубот не сакаше да го одложи назначувањето на новиот тренер, туку да го ангажира пред паузата во првенството. Водеше разговори и со Паоло Ваноли.

Исто така, раководството реагираше брзо бидејќи очекуваше Де Роси да добие понуда од друг клуб, а се поврзуваше токму со Фиорентина по отказот на Стефано Пиоли.

Џеноа го отпушти тренерот Патрик Виера на 1 ноември откако тимот не победи на ниту еден натпревар во првите девет кола од Серија А.

Оттогаш, на по еден меч тимот го предводеа Роберто Мурџита и Доменико Кришито, а во понеделникот „Грифоните“ ја остварија својата прва победа во лигата совладувајќи го Сасуоло со 2:1 и се искачија на 18-тото место на табелата со 6 бодови.

реклама

Рецепт за сарма стар 70 години го подели Балканот

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Идеја за зимски ручек: Посен подварок со суви сливи

Read more

Колку пати може повторно да се употребува маслото за пржење?

Read more

Фудбал

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Read more

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Read more

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Read more
 

Спорт

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе
  • play_arrow

ФФМ потврди: Фудбалерите ќе играат во нови дресови на Adidas

Читај повеќе

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Читај повеќе

Дали Германците го најдоа новиот Крос? На 16 години веќе пишува историја

Читај повеќе

Струмичанецот ја доби довербата: Пауновиќ селектор на Србија до 2030

Читај повеќе