Џерард одби да седне на клупата на Ренџерс

Макфакс/Кајгана
/ 12.10.2025 / 10:22

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Ренџерс, јавуваат британските медиуми.

45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.

Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.

Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/2021, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Фудбал

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Read more

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Read more

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе