НБА 2025/2026

Детроит ја прекина серијата од 9 победи на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс се поразени по 9 последователни победи, губејќи на гостувањето кај Детроит Пистонс со 113:110.

Лејкерс на овој дуел беа без повредениот Маркус Смарт, кој е исклучително важен играч во одбраната на тимот на ЏејЏеј Редик, што Пистонс го искористи и оствари вреден триумф.

Пистонс до победата ги предводеше Џенкинс со 30 поени, 8 асистенции и 4 скокови, додека Дурен додаде 20 поени со 11 скокови и 3 асистенции, а Харис го заврши мечот со 14 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Робинсон исто така имаше двоцифрен број на поени, 12, додавајќи и 2 асистенции.

Најдобар играч кај Лејкерс беше Лука Дончиќ со 32 поена, 7 скокови и 6 асистенции. По него следуваше Ривс со 24 поени, 5 асистенции и 2 скока, ДеАндре Ајтон додаде 13 со 10 скокови, а Леброн Џејмс за малку испушти трипл-дабл завршувајќи го мечот со 12 поени, 10 асистенции и 9 скокови. Хејс исто така беше двоцифрен со 11 поени и 3 скока.

Remote video URL

Паоло Банчеро одигра одличен натпревар постигнувајќи 39 поени, 6 асистенции и 4 скока во поразот на Орландо од Индијана со 128:126.

Паскал Сјакам ги предводеше Пејсерс со 37 поени, а Индијана со оваа победа ја прекина серијата од 16 порази, што е рекорд на франшизата.

Алперен Шенѓун исто така одлично се истакна во поразот на Хјустон од Чикаго со 132:124. Турчинот го заврши натпреварот со 33 поени, 13 скокови и 10 асистенции, но Рокитс не можеа да обезбедат победа и покрај тоа што покрај него го имаа енергичниот Кевин Дурент со 40 поени, 7 скокови и 5 асистенции.

Резултати:

Детроит Пистонс - Лос Анџелес Лејкерс 113:110
Мајами Хит - Сан Антонио Спарс 111:136
Орландо Меџик - Индијана Пејсерс 126:128
Филаделфија 76ерс - Оклахома Сити Тандер 103:123
Атланта Хокс - Мемфис Гризлис 146:107
Чикаго Булс - Хјустон Рокитс 132:124
Јута Џез - Торонто Репторс 127:143
Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс 131:137
Портланд Треил Блејзерс - Бруклин Нетс 134:99
Лос Анџелес Клиперс - Милвоки Бакс 129:96

Табела:

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Едноставни трикови за утврдување дали маслиновото масло е вистинско

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Фудбал

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Read more

Спорт

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе

Обамејанг заврши со Габон: Ме понижија и ми го уништија угледот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени Калчо наградите 2026: Димарко, Фабрегас и Нико Пас меѓу победниците

Читај повеќе