ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао, ќе го води на Светско

Макфакс/Кајгана
/ 12.05.2026 / 20:41

Дик Адвокат, 78-годишниот холандски тренер, ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која обезбеди деби настап на Светското првенство, пишува холандскиот јавен сервис NOS.

Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмала земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше голема заслуга за тој успех.

Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа година поради тешката болест на неговата ќерка, а го наследи Фред Рутен.

Рутен немаше најдобар почеток на својот мандат губејќи ги мартовските пријателски натпревари против Кина со 2:0 и Австралија со 5:1, па челниците на федерацијата одлучија да не му дадат доверба за Светското првенство.

Адвокат, доколку води натпревари во Северна Америка, ќе стане најстариот селектор во историјата на светските првенства. Рекордот моментално го држи Ото Рехагел, кој ја предводеше Грција на Светското првенство во 2010 година на 72-годишна возраст.

Курасао ќе игра во групата Е, во која се и Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Адвокат е тренер со богата кариера кој ја предводеше Холандија во три наврати како селектор. Беше и селектор на Србија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Белгија, Ирак и Јужна Кореја.

Од холандските клубови, ги предводеше Фејнорд, АЗ и ПСВ во неколку наврати. Сепак, беше шампион на Холандија само еднаш, со ПСВ во 1997 година. Во 2008 го освои Купот на УЕФА со руски Зенит.

Тагови
реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе