Премиер лига 2025/2026

Џон Тери: Навивам Ливерпул да ја освои титулата

Макфакс/Кајгана
/ 14.09.2025 / 12:47

Џон Тери, според многумина најголемата легенда во историјата на Челси, ја изненади фудбалската јавност со изјавата дека сака Ливерпул, поради Диогу Жота, да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона. Тери призна дека верува оти неговиот поранешен тим сè уште не е подготвен за таков потфат.

Поранешниот капитен на Челси одигра 717 натпревари за клубот, постигнува 67 голови, 5 пати ја освои Премиер лигата и еднаш Лигата на шампионите, заедно со бројни други титули.

Откако ја заврши кариерата кратко влезе во тренерските води како асистент, а потоа 44-годишниот Тери се врати во својот клуб во јули 2023 година како ментор на академијата и амбасадор на клубот, поради што сè уште е многу близок до првиот тим.

Токму затоа неговата изјава за talkSPORT, во која не го поддржува тимот на Енцо Мареска, предизвика чудење.

Тери го издвои Ливерпул, актуелниот шампион предводен од Арне Слот, како фаворит. Една од причините е реалниот поглед на моменталните можности на Челси и желбата да не се врши притисок врз младиот тим.

Сепак, втората причина е многу потрогателна – Тери сака „Црвените“ да ја освојат титулата во чест на сеќавањето на поранешниот напаѓач на Ливерпул, Диогу Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во јули.

„Мислам дека титулата е нивна, искрено. Мислам дека имаат огромна мотивација поради многу тажната загуба на Диогу Жота. Само поради тоа, навистина се надевам дека Ливерпул ќе може да го стори тоа. Мислам дека тие се најсилниот тим. Манчестер Сити повторно покажа ранливост оваа сезона.“

Тери, исто така, се осврна на својот Челси. „Не сум сигурен дека Челси има доволно искуство во тимот за да дојде до крајот. Исто така не сакам да вршам притисок врз нив. Затоа мислам дека титулата му припаѓа на Ливерпул и, како што реков, им посакувам среќа во тоа“, додаде тој.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе