Донарума проговори за прв пат по Зеница: Ме повредија лагите што излегоа во јавност

Голманот на Манчестер Сити и капитен на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума, проговори за прв пат по неговата кошмарна ноќ во Зеница и поразот од Босна и Херцеговина во баражот за пласман на Светското првенство 2026.

Донарума доби критики и исвиркувања од публиката на стадионот „Билино Поље“ поради неговото грубо однесување во текот на целиот натпревар. Покрај губењето време, кое не е толку неочекувано и шокантно, голманот беше првиот што се впушташе во секоја тепачка, напаѓајќи ги играчите на БиХ, а во еден момент и физички го нападна Амар Дедиќ.

Голманот на Сити беше капитен на Италија во дуелите против Северна Ирска и БиХ, а по една недела молчење, реши да проговори за сè и да истакне што најмногу го боли.

Донарума вели дека никој во италијанската репрезентација не побарал бонуси за пласман на Светското првенство. Италијанските медиуми објавија дека пред почетокот на финалниот бараж во Зеница италијанските играчи побарале бонус од 10.000 евра за победа над БиХ.

„Најмногу ме повредја лагите што излегоа на виделина. Како капитен, никогаш не сум побарал од репрезентацијата ниту едно евро. Она што се случува во репрезентацијата, како и во секое натпреварување, е дека на играчите им се дава бонус ако ја исполнат целта. Тоа е сè што се случи и никој не побара ништо од федерацијата“, изјави Донарума за Sky Sports и продолжи:

„Нашиот подарок ќе беше да се квалификуваме за Светското првенство. За жал, тоа не се случи. Повеќе ме повредија коментарите и зборовите што беа кажани отколку сè друго“, додава капитенот на Италија.

Донарума беше погоден од фактот дека повеќе нема да работи со Џенаро Гатузо, Габриеле Гравина и Џанлуиџи Буфон, кои поднесоа оставки од националниот тим и федерацијата по дебаклот во Зеница.

„Имав прекрасен однос со Џиџи, Гатузо и Гравина. Пред сѐ, на сите ни е жал за нив, природно е да се чувствувате донекаде одговорни за сè што се случува сега и тоа боли. Но, сакам да им се заблагодарам на селекторот, претседателот и Џиџи, бидејќи дадоа важен придонес“, додава Донарума.

Конечно, капитенот на Италија вели дека сите мора да се свртат кон подобра иднина и да заборават што се случило.

„Тешко е, но мора да продолжиме напред со сила и со свест дека Италија ќе се врати силна, дека ќе се врати сјајна. Првите два дена беа многу тешки и заморни. Боли, навистина боли. Во првите денови се мачев да го прифатам тоа. Но, вистината е дека мора да се почне одново, да се продолжи напред, да се реагира“, заклучи голманот на Манчестер Сити.

реклама

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Read more

Што се случува со шеќерот во крвта кога јадете лубеница?

Read more

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Read more

Какви промени носи Марс во Рак од 11 август до 27 септември?

Read more

Фудбал

Алварес одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Read more

Меси прави пауза од фудбалот на неодредено време

Read more

Трамп застана во одбрана на Инфантино: Неговата смена би била ужасна грешка

Read more

Розети најави промена во имплементацијата на ВАР: Некои проверки немаат никаква врска со фудбалот

Read more

Спорт

Алварес одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Читај повеќе

Меси прави пауза од фудбалот на неодредено време

Читај повеќе

Трамп застана во одбрана на Инфантино: Неговата смена би била ужасна грешка

Читај повеќе

Розети најави промена во имплементацијата на ВАР: Некои проверки немаат никаква врска со фудбалот

Читај повеќе

Денвер на смешен начин ја одбил понудата на Панатинаикос за Јокиќ летово

Читај повеќе

Барса ја одби првата понуда на ПСЖ за Феран Торес вредна 50 милиони евра

Читај повеќе

Камбек на една од најголемите икони на англискиот фудбал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ерлинг Халанд на јахта стана туристичка атракција

Читај повеќе

Голема фрустрираност во Милан: Мeњан и Рабјо си го продолжиле одморот пред почетокот на Серија А

Читај повеќе