Драма пред полетување: Играчите на Монако се соблекоа голи поради проблем со климатизацијата

Фудбалерите на Монако доживеаја вистински хорор пред денешниот натпревар против Клуб Бриж во првото коло од Лигата на шампионите.

Летот со кој играчите на Монако требаше да летаат за Белгија вчера беше ненадејно откажан додека играчите беа во авионот и се подготвуваа за полетување, а поради проблем со климатизацијата.

И, ништо не го најавуваше ужасот што ќе го снајде тимот. Играчите се качија во авионот, а потоа настана хаос. Жештината беше неподнослива, па играчите на моначанскиот тим почнаа да се соблекуваат. Прво обувките, потоа маиците.

Набрзо сите беа во долна облека. Играчите буквално се топеа од топлината, и секако сè снимаа и објавија на социјалните мрежи, па хаосот во авионот брзо стана вирален.

Потоа играчите го напуштија авионот и, облечени само во долна облека, се упатија кон пистата, каде што мораа да чекаат проблемот да се реши. Сепак, не се качија во истиот авион, туку мораа да се вратат во хотелот, а нивниот нов лет беше денеска во 11:10 часот за Остенде.

Натпреварот против Бриж ќе се игра од 18:45 часот денеска. „Црвено-белите“ имаат исклучително тежок распоред оваа сезона во елитните редови на европскиот фудбал.

По гостувањето во Бриж, ќе играат домашни натпревари против Манчестер Сити и Тотенхем. Исто така, ќе бидат домаќини на Галатасарај и Јувентус, а ќе играат и на гости против Боде/Глимт, Пафос и Реал Мадрид.

реклама

Од 16 октомври Плутон веќе не е ретрограден: 3 хороскопски знаци ги чека голема среќа

Read more

Расте бројот на бракови со деца во Германија, податоците загрижуваат

Read more

Конзервирана риба што е поевтина од туната, а е многу здрава

Read more

Украински пратеник му порача на Зеленски: Оди во Москва или Минск и преговарај за мир

Read more

Фудбал

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Read more

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Read more

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Read more

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Read more

Спорт

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе
  • play_arrow

Касано безмилосно удри по Кристијано Роналдо: Станува предмет на потсмев

Читај повеќе

Ужасни сцени дома го спречија голманот на Виљареал да игра против Наполи

Читај повеќе

Го одбиваа, сега го молат: Кој е дечкото што го „згази“ Интер? 

Читај повеќе
  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе