ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Дури 289 играчи на Светското првенство претставуваат земја во која не се родени

Во пресрет на претстојното Светско првенство спортската јавност е соочена со фасцинантниот податок дека дури 289 фудбалери нема да играат за земјите во кои се родени.

Репрезентацијата на Курасао

Овој глобален феномен на миграција и спортско државјанство е детално опишан во инфографик кој открива сосем нови димензии на модерниот репрезентативен фудбал. Случајот со репрезентацијата на Курасао е особено интересен, бидејќи дури 25 играчи на оваа селекција се родени во Холандија. Курасао е поранешна холандска колонија во состав на Холандските Антили, која и денес е под капата на Кралството Холандија.

Потсетуваме, секоја репрезентација пријавува 26 играчи за претстојниот Мундијал.

Втора на листата е репрезентацијата на ДР Конго со 20 фудбалери. Како поранешна белгиска колонија и франкофонска земја, очекувано, 11 играчи се родени во Франција, а 5 во Белгија.

Трет е Мароко со 19 играчи родени во странство. Од нив по 6 се од Франција и Шпанија, по 3 од Белгија и Холандија, а еден од Канада.

Меѓу европските селекции кои одлично ги користат предностите на фудбалерите родени надвор од нивните граници лидер е Босна и Херцеговина со 17 играчи. Од Германија се 4, од Австрија и Шведска се по 3, од Србија се 2, а по еден доаѓа од Хрватска, Словенија, Швајцарија, Данска и САД.

По 17 дијаспорци имаат и Алжир и Хаити, двете поранешни француски колонии. Нормално, од Франција доаѓаат и најголем бврој од нивните фудбалери: кај Алжир 13, а кај Хаити 12.

15 од дијаспората има Тунис, исто така поранешна француска колонија, од кои 7 се родени во Франција. Следен е Зелен 'Рт, поранешна португалска колонија, со 14 играчи. Но, кај популарните „Ајкули“ само 3 се родени во Португалија, а 6 во Холандија.

Овие податоци дефинитивно потврдуваат дека модерниот фудбал ги брише географските граници, трансформирајќи ги националните тимови во вистински репрезентации кои иселениците ги враќаат дома.

За репрезентациите овој феномен претставува неисцрпен извор на квалитет и силен патриотски набој што ја поврзува татковината со нејзините синови родени низ светот.

реклама

Зошто стјуардесите бараат да ги кренете ролетните на прозорците пред полетување?

Read more

Шпанија постави услов за проширување на ЕУ: Без каталонски, баскиски и галисиски, нема нови членки

Read more

Малдивите се демоде, таен остров е новиот рај за милионери

Read more

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Read more

Фудбал

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Read more

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Read more

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Read more

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Read more

Спорт

Од пет прволигашки дуели викендов дури три ќе се играат на ист стадион

Читај повеќе

Историски преоден рок за Јувентус без продадени играчи

Читај повеќе

Инфантино му врати на Чеферин, упати тешки обвинувања

Читај повеќе

Револуција во Формула 1: Одлука што менува сè од корен

Читај повеќе

Феран Торес ѝ врати на Барса: ПСЖ е чекор напред во мојата кариера

Читај повеќе

Познато е кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за невозможното гостување: 9 часа пат за 90 минути фудбал на крајот на светот

Читај повеќе

Обамејанг заврши со Габон: Ме понижија и ми го уништија угледот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени Калчо наградите 2026: Димарко, Фабрегас и Нико Пас меѓу победниците

Читај повеќе