Два комични автогола и петарда: По дебаклот од Зелен 'Рт, Србија потопена и од Мексико

Фудбалерите на Мексико ја победија Србија во пријателски натпревар во Толука со убедливи 5:1, а два од петте голови за Мексиканците беа дела на српските фудбалери и тоа комични автоголови.

Еден од кодомаќините на Светското првенство славеше со убедливи 5:1, со што Србија го доживеа второто понижување за пет дена, со оглед на тоа што во неделата селекцијата на струмичанецот Вељко Пауновиќ загуби од дебитантот на Мундијалот, островската репрезентација на Зелен 'Рт со 3:0.

Србија, која играше со ослабен состав бидејќи најголемите ѕвезди не беа на списокот на Пауновиќ, поведе во 19-тата минута со голот на Петар Станиќ, но тоа беше сè што направи и Мексико го сврте резултатот до крајот на полувремето.

Прво Јохан Васкес израмни на 1:1 во 34. минута, а во судиското надополнување од првиот дел Стефан Бокинац му донесе предност на Мексико од 2:1 со автогол откако даде лош повратен пас до голманот Филип Станковиќ.

Раул Хименес го зголеми водството на 3:1 во 57. минута, а потоа во 72. минута Адем Авдиќ си постигна автогол кога лошо исфрлаше топка од петерецот по корнер. Конечните 5:1 ги постави Луис Чавес во 90-тата минута.

Remote video URL

Мексико го отвора Мундијалот на 11 јуни против Јужна Африка на „Астека“ стадионот во Мексико Сити, а во група А е уште и со Јужна Кореја и Чешка.

За Србија ова беше последна проверка пред новата сезона од Лигата на нации наесен каде е во Лига А и ќе игра против Грција, Холандија и Германија.

реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе