Едвај спасен проектот за мегастадион вреден милијарда и пол евра

Пред шест години, Кинезите ја започнаа изградбата на огромниот стадион „Град на цвеќето“ во Гуангжу, кој требаше да биде еден од најголемите во светот со над 100.000 седишта.

Со овој проект од 1,5 милијарди евра, Кинезите сакаа да ги надминат стадионите како Вембли и Камп Ноу, но работите набрзо тргнаа наопаку.

Стадионот, кој требаше да се гради во форма на лотосов цвет што ја менува бојата, со трибини на три ката, требаше да биде завршен во 2022 година, но работата беше запрена поради огромните долгови на групацијата Evergrande од повеќе од 250 милиони евра, според Sport Bible. Кинеската влада потоа интервенираше и го зазеде стадионот, кој потоа беше напуштен во средината на изградбата, а на него останаа скелиња и кранови.

Компанијата се обиде да го продаде стадионот, што доведе до банкрот на фудбалскиот клуб Гуангжу, кој претходно беше шампион на Кина осум пати во девет сезони. Клубот го водеа големи тренери како Марчело Липи, Фабио Канаваро и Луиз Фелипе Сколари.

Оригиналниот дизајн на стадионот „Град на цвеќето“ 

Иако клубот целосно се распадна, сега се чини дека има спас за стадионот, кој сè уште би можело да се отвори во блиска иднина.

Имено, државната Guangzhou City Construction Investment Group ги доби клучевите од проектот и ја рестартираше изградбата.

Сега проектот е намален и многу е поверојатно дека ќе биде завршен, бидејќи беше одлучено дека стадионот ќе се гради со капацитет од 73.000 седишта и на потрадиционален начин, без обликот на лотосов цвет.

Првично, сè требаше да чини околу 1,5 милијарди евра, но сега цената на изградбата е намалена на 300 милиони евра.

Според медиумските извештаи, се очекува стадионот да биде изграден до крајот на годината.

реклама

Тетовецот Рене Реџепи се повлекува од Noma, го обвинуваат за малтретирање на вработените

Read more

Што може новата ракета што Американците за прв пат ја употребија во Иран?

Read more

Почна сезоната на млад кромид: Зошто треба почесто да го јадете?

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Фудбал

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Read more

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Read more

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Read more

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Read more
 

Спорт

Се бара „кртот“: Кој го издаде составот на Челси осум часа пред натпреварот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трикот на Валверде е историски од повеќе причини

Читај повеќе

Модриќ ја сели Златната топка во Милано: Дали на маса има нов договор?

Читај повеќе

Тудор објасни зошто го замени голманот во 17-та минута

Читај повеќе

ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Читај повеќе

Инфантино: Трамп ми рече дека Иран е добредојден на Мундијалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Срамен потег на Тудор: Му ја уништи кариерата на Кински?

Читај повеќе

Лапорта: Реал Мадрид 72 години ги контролира судиите 

Читај повеќе

Дали војната ќе го одложи Мундијалот?

Читај повеќе