Експерти за компјутерска форензика: УЕФА ја монтирала снимката од пеналот на Алварес

Макфакс/Кајгана
/ 11.04.2025 / 15:55

Двајца експерти за компјутерска форензика дошле до заклучок дека УЕФА ја монтирала снимката од спорниот пенал на Хулиан Алварес во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Навивачите на Атлетико не се задоволни од начинот на кој нивниот клуб беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид. По сега фамозното изведување пенали, судискиот тим предводен од Полјакот Шимон Марчињак го поништи голот на Хулиан Алварес бидејќи Аргентинецот двапати ја допрел топката пред ударот. Тоа беше клучниот момент, Атлетико беше елиминиран, но дилемата, големата дилема остана, дали судиите навистина постапија правилно?

Во бурните денови по натпреварот, УЕФА објави видео кое ја докажа исправноста на судиската одлука, за да ги смири страстите, но голем е бројот фудбалски фанови, пред сѐ оние кои се навивачи на „Јорганџиите“, кои изразија сомнеж во официјалната верзија која беше сервирана. Во меѓувреме, големата база на навивачи на Атлетико започна своја истрага.

Претставници на Меѓународната асоцијација на навивачи на мадридскиот клуб се обратија до Европската лабораторија за компјутерска форензика и експерти од таа организација, со барање да ги анализираат снимките што УЕФА ги сподели како доказ.

Извештајот на експертите Педро Тубио и Хосе Луис Ривас е јасен во заклучоците – УЕФА ја монтирала снимката!

„Видеото обезбедено од УЕФА не е оригиналното видео снимено од камерата бидејќи откривме визуелно клонирање во одредени сегменти од видеото, одредени промени во низата на слики и целосно отсуство на звучна содржина“, велат овие експерти.

Еден од споменатите, Хосе Луис Ривас, беше гостин во редакцијата на мадридскиот весник Marca, каде уште еднаш го потврди она што го заклучил по деталната анализа на видеото од пеналот.

„Резултатот се доказите што постојат, но исто така, во овој случај, не го сакам фудбалот. Но, дури и да навивам за некој од тимовите, нашата анализа ја базираме на доказите и доаѓаме до едно: дека видеото е монтирано“, рече тој.

Хосе Луис вели дека во процесот на анализа на видеото фокусот не бил на тоа дали Алварес ја допрел топката двапати пред ударот, туку дали некој монтирал одредени секвенци во видеото.

„Нашиот начин на работа со сите клиенти е ист. Се прави прелиминарна анализа за да се утврди дали има смисла она што клиентот сака да го постигне. Тоа ни помага да ја формираме цената на нашата услуга и да му кажеме на клиентот дали воопшто треба да продолжи“.

Следно, овој експерт наведува одредени спорни детали кои ги забележале при анализата на видеото.

„Анализиравме различни точки. Првиот беше метаподатоците, кои беа избришани. Тоа не значи ништо бидејќи тоа е видео од датотека објавена на интернет. Значи, во овој случај, тоа не е важно, но ни дава клучни информации што ни кажуваат дека постојат различни типови на кодирање, па системите за уредување кои би можеле да ни го кажат тоа. Нема пореметување или ако е предвидливо во видеото на УЕФА нема ентропија, а ова е показател дека нешто чудно се случува, многу е веројатно дека е рафинирано“.

реклама

Европа ќе гори до крајот на мај: Се формира рекордна топлотна купола 

Read more

Сликичката им треба, ама гага

Read more

9 совети како да го стопите салото на стомакот со пешачење

Read more

Рецепт за брза вечера: Ризото со печурки

Read more

Фудбал

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Read more

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Read more

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Read more

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Read more
 

Спорт

Огромни промени за фудбалските репрезентации: Што смени УЕФА?

Читај повеќе

Врие во соблекувалната на Реал: Борба за моќ меѓу Мбапе и Винисиус

Читај повеќе

Роналдо го вика Пеп: Саудијците му нудат пари што обичен смртник не може ни да ги замисли

Читај повеќе

Еден од најбогатите луѓе во светот планира да го доведе Клоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачот статуа ќе оди на Светско: ДР Конго го вклучи во официјалната делегација

Читај повеќе
  • play_arrow

Борба за првиот европски трофеј сезонава: Фрајбург сонува за историја, Вила брка враќање на тронот

Читај повеќе

Азар: Ја сакав 10-ката на Модриќ, не ми ја даде

Читај повеќе
  • play_arrow

Брансон ги предводеше Никс до голем пресврт и победа над Кавс во првото финале на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како играчите на Арсенал ја прославија титулата во Премиер лига

Читај повеќе