Енрике: Жал ми е што Мбапе замина, но очигледно е дека сме подобри без него

Макфакс/Кајгана
/ 09.05.2025 / 14:56

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако го победи Арсенал во реваншот на домашен терен во средата. По победата со 1:0 во Лондон, славеше со 2:1 на домашен терен во Париз и се пласираше во финалето. Таму ги чека Интер, а натпреварот за титулата ќе се игра на 31 мај во Минхен.

ПСЖ на патот до финалето победи дури четири англиски клуба. Во главната, лигашка фаза, го победи Манчестер Сити со 4:2. Потоа во трите нокаут рунди ги нанижа Ливерпул во осминафиналето, Астон Вила во четвртфиналето и Арсенал во полуфиналето.

По натпреварот, Луис Енрике доби големи пофалби, бидејќи е блиску до освојување на Лигата на шампионите во првата сезона без Килјан Мбапе.

Мбапе го напушти ПСЖ минатото лето. За „Светците“ играше 7 години, одигра 308 натпревари, постигна 256 голови и забележа 107 асистенции.

Иако остана без најдобриот играч и најдобриот стрелец во клупската историјата, Енрике импресивно стигна до финалето на Лигата на шампионите. Шпанецот се присети на изјавата што ја даде кога Мбапе замина во Реал:

„Бев многу храбар минатата сезона кога реков дека ќе имаме подобар тим без Мбапе. Сè уште го мислам тоа, а статистиката го потврдува“, рече тој и додаде.

„Штета е што Мбапе си замина, но играчите го сфатија тоа како предизвик. Би сакал Мбапе да останеше, но другите играчи брилијантно одговорија на предизвикот. И секогаш ќе претпочитам да имам четири играчи кои постигнуваат по 12 голови отколку еден кој постигнува 40“.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Фудбал

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Read more

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Read more

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Read more

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Read more
 

Спорт

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе

Нојер е во дилема: Нов договор, пензија или Премиер лига

Читај повеќе

Барса наоѓа маани на тревата пред реваншот со Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Новото НБА правило за 65 натпревари ја подели лигата, Баркли немилосрден кон играчите

Читај повеќе

Ги добиваме првите полуфиналисти во ЛШ: Барса и Ливерпул бараат чудо

Читај повеќе

Руските и белоруските пливачи повторно ќе настапуваат под своите знамиња

Читај повеќе

Кој ќе седне на жешкото столче на Аѕурите: Двајца се силни фаворити

Читај повеќе