Ерлинг Халанд се најде во необична ситуација кога додека беше на одмор на неговата јахта, туристи со брод му се приближија и сакаа да го поздрават и да се фотографираат со него.
Наместо да се повлече или да го игнорира вниманието, норвешкиот голгетер реагираше на начин што ги воодушеви присутните.
Халанд, гледајќи го бродот и многуте луѓе што му мавтаа, остана смирен и весел.
„Тие организираат туристички тури со брод. Минуваат покрај местото каде што престојувам“, рече Халанд.
Во својот препознатлив, хумористичен стил, тој одлучи дополнително да ја опише ситуацијата и имитираше туристички водич кој им го покажува на патниците местото каде што престојува една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата.
„Дојдете и видете каде престојува Ерлинг Халанд“, се пошегува Норвежанецот.
Сепак, се чини дека целата ситуација не го насмеала само него. Халанд на крајот призна колку необична била глетката за него.
„Никогаш не сум видел нешто слично“, заклучи тој.
Неговата реакција ја воодушеви јавноста бидејќи ја прифати целата ситуација со хумор, иако очигледно не очекуваше самиот да биде дел од туристичката понуда.